Книгата „Срцето што пее“ е дело на рускиот религиозен философ Иван Александрович Илин. Во неа сретнуваме длабоки размислувања за Бога, за животот, за човекот, за болестите, за смислата на животот итн. Оваа книга е полезна не само за верниците, туку и за рамнодушните и неверниците. Секој ќе најде голема духовна полза и наслада. Ви ја препорачуваме оваа книга да биде дел од вашата домашна библиотека. Преводот од руски јазик го направи ѓаконот Јани Мулев.