(20 совети од познатиот грчки духовник о. Стефан Анагностопулос)
- Те заборавиле? Не ти се јавиле на телефон? Не се секирај. И пред сѐ, немој да се жалиш.
- Те онеправдале? Заборави го тоа.
- Те презреле? Радувај се.
- Те осудуваат? Не противречи.
- Те исмеваат? Не одговарај.
- Те пцујат? Молчи и моли се.
- Ти го земаат зборот? Те прекинуваат? Не тагувај.
- Зборуваат лошо за тебе? Не се противи.
- Ти ја префрлаат одговорноста врз тебе твоите деца, твоите роднини, твоите блиски? Не им се противи.
- Се гневат на тебе? Остани спокоен.
- Очигледно крадат од тебе? Прави се слеп.
- Ти се потсмеваат? Биди долготрпелив.
- Не ги слушаат твоите совети? Особено не ги слушаат твоите совети токму твоите деца? Клекни на колена и моли се.
- Нервози во бракот? Ти си виновен/на. Никој друг.
- Си згрешил? Побарај извинување.
- Не си виновен? Повторно побарај извинување.
- Здрав си? Прославувај Го Бога.
- Болен си? Имаш рак, се мачиш, трпиш, се измачуваш, боледуваш? Слави Го Бога.
- Постојано негодување, безработица, сиромаштија во домот? Пости. Бдеј. Моли се.
- За сите и за сѐ да се молиш. Многу молитви. Многу молитви. Пост и молитва – бидејќи „овој род на страстите и на демоните не се изгонува со ништо, освен со пост и молитва“.
Протоереј Стефан Анагностопулос
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев