Старец Даниил Санду Тудор

Loading

Александар Теодореску е роден на 22 декември 1896, во семејство на адвокат. Откако почнал да работи како новинар, го одбрал псевдонимот Санду Тудор. Подоцна станал монах, а потоа и великосхимник Даниил.

Бил учесник во Првата светска војна, а подоцна студирал теологија, философија и уметност, но не стекнал диплома. Покрај тоа бил и пробен пилот за авиони, наставник, поет, новинар. Во 1929 година, откако прочитал статија од една француска новинарка која тврдела дека ја посетила Света Гора, одлучил и дамиот тој да ја посети и да напише новинарска статија за тоа.

Отец Роман Брага подоцна се сеќава што му рекол отец Даниил: На Света Гора почнал да прави метании, за да не се двои од останатите поклоници, но потоа нешто таинствено се случило во него, што го менувало чекор по чекор. Наместо неколку дена, останал на Света Гора осум месеци.

daniel4

Кога се вратил во Романија напишал статија во сопствениот весник. Поради левичарските политички убедувања бил затворен во 1942 година, а ослободен во 1944 год. По авионската несреќа, која чудесно ја преживеал, распродал сѐ што поседувал и одлучил да се замонаши. Примен е во братството на манастирот Антим во Букурешт во 1945 година. Таму основал група под името Rugul Aprins (Горешта капина). Станувало збор за група која се собирала и ја практикувало умствената молитва. Поради ова бил затворен на три години од страна на комунистите. Во 1952 година е ослободен и станал јеромонах, а потоа јеросхимонах. На крајот се повлекол во скитот Рарау на Карпатите.

Повторно е уапсен во 1958 година и осуден е на 25 години затвор поради „заговор против општествениот поредок преку јавни настапи и пишување за непријателите на режимот“. Всушност сите овие списи биле дела од Светите отци.

Не се знае како точно умрел отец Даниил. Последен пат бил виден во 1960 година, сериозно болен во затворот Аиуд. Во неговата смртовница стои дека се упокои на 17 ноември 1962 година по излив на крв во мозокот.

Отец Роман Брага, кој исто така бил член на групата Горешта капина, тврди дека „отец Даниил умрел во Зарки (затворски објект со екстремни услови) кај Аиуд по поминати четири години во мачења и претепувања, како еден од неколкумината затвореници кои во текот за целото траење на казната носеле ланци“.

Исто така сакам да ја објавам и следнава приказна.

Отец Августин од манастирот Аиуд ни наведува важно сведоштво за светоста на оној когошто требаше да го нарекуваме праведник Даниил Исповедник:

daniel last

Една зима отец Даниил беше ставен во ќелијата наречена „бела“, т.е. „фрижидер“, како што ја нарекуваат, на трмпература од -30 степени. Тоа беше ќелија без прозори, насекаде со измет и урина, затоа што тука ги ставале тие што требало да умрат. Практично биле осудени на смрт поради студот. Имале малку облека и ги држеле на малку храна пред влегувањето во ќелијата, како и по влегувањето во неа.

И така во неа го вовеле старецот заедно со лекарот, неговиот многу добар пријател. Откако тројцата чувари ги спровеле во ќелијата, отец Даниил веднаш скокнал на стомакот, раширувајќи ги рацете и прекрстувајќи се со знакот на крстот, па нурнувајќи со лицето во сета таа нечистотија му рекол на докторот: „Легни врз мене!“ Докторот легнал грб со грб врз старецот формирајќи го знакот на Светиот Крст. Тогаш старецот му рекол: „Докторе, не вели ништо друго освен: Господи Исусе Хрисе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“.

Подоцна докторот рекол дека, кога отец Даниил почнал со молитва, заслепувачка светлина ја осветлила ќелијата и дека од тој миг изгубил чувство за време.

daniel sandu tudor ikona

По некое време неколку стражари влегле во ќелијата. Подигнувајќи ги, сфатиле дека обајцата преживеале осум дена без вода, без храна, без сон и било што за облекување на – 30 степени.

Кога влегле мачителите во ќелијата и го допреле отецот Даниил, тој бил потопол отколку кога го вовеле во ќелијата, и сѐ околу него се топело“.

(Извадок од документарецот на Рафаел Удриште, Романска телевизија, 11 октомври 2008 година)

Превод:

Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *