Демон – проповедник

Loading

Еден монах влегол во црква да се помоли. Гледа – а на местото на свештеникот проповеда демон, облечен во одежда на свештеник. Застанал монахот на страна и почнал внимателно да ги следи зборовите на демонот, за да го фати на некој збор, каде што тој ќе каже невистина. Но демонот зборувал точно, како што е…

Прочитај повеќе

Житие на свети Јован Руски

Loading

Светиот исповедник Јован Руски се родил кон крајот на XVII век во Малорусија. Бил воспитуван во побожност и љубов кон Божјата Црква. Кога станал полнолетен го повикале во војска. Служел како обичен војник во армијата на Петар Први и учествувал во руско-турската војна. За време на војната во 1711 година, Јован и останатите војници биле…

Прочитај повеќе

Дрвото на крстот

Loading

Благочестиво предание за потеклото на дрвото на крстот   Трите ангели, на кои им укажа гостољубие Авраам, како икона на Света Троица, заминувајќи божем „ги заборавија“ нивните бастуми, покрај Мамврискиот даб. Нив ги употребуваше Сара како дрва за во огнот, но гореа без да изгорат до крај, па затоа таа ги фрли велејќи „проклети дрва…

Прочитај повеќе

Синови или слуги? – Старец Јероним Егински

Loading

Еднаш во неговата смирена ќелија го посети еден Турчин. Како што рече, го испратил неговиот газда, кој беше судија, за да го покани во неговиот дом. Отец Василиј некако се вознемири. Не беше навикнат на покани за посети од љубезност, и неговиот ум отиде во некое можно „зло“, во едно ново, можеби, искушение. Но се…

Прочитај повеќе

Смирението на преп. Ефрем Сириски

Loading

Уверен, дека љубовта на едеските жители кон него неизбежно ќе се претвори во богати дарови за неговото погребение, Ефрем, не барајќи ништо за себе, сè префрлил во полза на сиромашните. Тој им велел на оние околу него: „Донесете што сте ветиле и положете го пред вашиот брат; принесете и положете пред мене, та самиот јас,…

Прочитај повеќе

За бескомпромисното следење на учењето на Светите Отци

Loading

За бескомпромисното следење на учењето на Светите Отци, за многуте лажни учители, за недостатокот од наставници на побожноста   Свети Игнатиј Брјанчанинов   „Бидејќи со срцето се верува за оправдание“, правилно кажал апостолот, „а со устата се исповеда за спасение“ (Рим. 10, 10): Потребно е исповедање на праведноста со устата, а кога е можно тоа…

Прочитај повеќе

Преподобен Ефрем Сириски и блудницата

Loading

(извадок од неговото опширно житие) Приближувајќи се до градот Едеса, Ефрем се молел на Бога, да му испрати во пресрет човек, со кого би можел да поразговара душеполезно на теми од Светото Писмо[1]. Но на градските порти сретнал една жена, чијшто надворешен изглед доволно го разоткривал нејзиниот лош живот и срамно однесување. Збунет од таквата…

Прочитај повеќе

Божја Промисла – преп. Ефрем Сириски

Loading

Но годините на младоста не поминале за Ефрем без некои сопки. По природа пламенен, тој бил раздразлив, а во младешкото тело одвреме навреме се побудуваа нечисти желби. Во такви црти ги претставувал подоцна самиот Ефрем првите години од својата младост, иако, без сомнеж, во неговото опишување не смее да не се забележи тоа длабоко смирение,…

Прочитај повеќе

Отец Василиј Чудотворец

Loading

Во Кападокија, родителката на многу светители, се роди, живееше и се упокои попот Василиј. Според сведоштвата на неговите современици се родил во Конџук или Голџик (Лимна) кој се наоѓа 65 километри југо-југозападно од Кесарија, па затоа го нарекоа поп Василиј Конџиклис, за да го разликуваат од другите кои го имаа истото име. Василиј Конџиклис ја…

Прочитај повеќе

Свети Јован, новиот милостив

Loading

Почитуван како локален светител од Пондијците, отецот Јован Тријандафилидис се родил на 10 февруари 1836 година во селото Лорија (Музена) во областа Трапезун, од благочестиви родители Тријандафил и Киријаки. Бидејќи не постоеше училиште во неговата татковина ги научи од еден писмен човек буквите за шест месеци, бидејќи беше многу умен. На возраст од четиринаесет години…

Прочитај повеќе
error: Content is protected !!