Доброволна самотија

Spread the love

Loading

Никита Кафкиос, психолог

Постојат луѓе кои претпочитаат да бидат сами.

Не затоа што не ги сакаат луѓето. Ниту затоа што се студени или рамнодушни. Едноставно, во еден миг осаменоста им се видела поискрена од многу дружби.

Зашто повеќето односи бараат постојано да се преправаш дека ништо не ти пречи.

Да ги премолчуваш противречностите.

Да го криеш она што го чувствуваш.

Да не го кажуваш она што го мислиш.

Да се согласуваш само за да не се наруши атмосферата.

А тоа заморува.

Не тишината. Преправањето заморува.

Природно е што не сите имаат иста желба да ја бараат или да ја живеат вистината. А тоа создава растојание кое тешко може да се премости.

Така, оној што гледа подлабоко честопати се наоѓа пред дилема: да припаѓа некаде или да остане верен на себеси.

И најчесто ја избира осаменоста.

Не затоа што мисли дека е подобар од другите, туку затоа што повеќе не може постојано да живее приспособувајќи се себеси на можностите, желбите и очекувањата на другите.

Тогаш осаменоста не е лишување.

Таа е прибежиште во кое не мора да се преправаш дека сè е во ред.

Остануваш сам кога однапред знаеш дека присуството на некои луѓе ќе направи да се чувствуваш поосамено отколку кога навистина си сам.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!