Лични граници

Spread the love

Loading

Со години Андреас веруваше дека добрината е сила.

Секогаш беше тука.

За пријателите. За семејството. За колегите. За луѓето што се појавуваа само кога им требаше нешто.

Велеше: „Не е важно“.

Дури и кога беше важно.

Простуваше.

Дури и кога немаше вистинско покајание.

Ги разбираше другите.

Дури и кога никој не се обидуваше да го разбере него.

Но во еден момент во неговиот живот се појави човек кој многу брзо ја препозна неговата слабост.

Не му пристапи со напад.

Му пристапи со восхит.

„Ти си еден од ретките луѓе што навистина вредат“.

Андреас се насмевна.

Не сфати дека тоа не беше комплимент.

Тоа беше првата нишка.

Потоа дојдоа малите барања.

„Штом си ми пријател, ќе го направиш тоа“.

„Ти ме разбираш“.

„Другите ме разочараа“.

И секогаш кога Андреас ќе поставеше некаква мала граница, следуваше чувството на вина.

„Се промени“.

„Не го очекував ова од тебе“.

„Ме разочара“.

Така честопати функционира манипулацијата.

Не те принудува.

Те тера да се чувствуваш како лош човек затоа што не го правиш она што другиот го сака.

А Андреас, бидејќи сакаше да биде добар човек, почна да се напушта себеси.

Сѐ додека не дојде предавството.

Една тајна што ја беше доверил одеднаш се најде во рацете на луѓе што не смееше да ја дознаат.

Кога побара објаснување, никој не презеде одговорност.

Напротив, почнаа со прст да покажуваат кон него.

„Можеби ти си му кажал некому?“

„Можеби претеруваш?“

„Зошто си толку сомничав?“

Андреас се врати дома и седна сам.

За првпат не се обиде да најде оправдување за другите.

Се обиде да ја открие вистината за себеси.

И тогаш ја согледа целата слика.

Не беше предаден само еднаш.

Имаше премолчено десетици мали предавства, затоа што секојпат наоѓаше причина да ги оправда другите.

Проблемот не беше во тоа што не гледаше.

Проблемот беше во тоа што гледаше, но избираше да не му верува на она што го гледа.

Следниот ден нешто се беше променило.

Не стана суров.

Стана јасен.

„Не“.

Еден збор.

Без објаснувања.

Без извинување.

Без страв.

И тогаш се случи очекуваното.

Луѓето што беа навикнати само да земаат почнаа да му се лутат на човекот кој престана да им дава.

Го нарекоа себичен.

Студен.

Неблагодарен.

Оддалечен.

Но Андреас не се обидуваше да го докаже спротивното.

Зашто сфати нешто што му го промени животот:

Кога некој веќе решил погрешно да те разбере, колку објаснувања и да му дадеш, ќе ги употреби против тебе.

Затоа престана да објаснува.

И почна да набљудува.

Кој го почитуваше кога ќе кажеше „не“?

Кој искрено се радуваше на неговата радост?

Кој остануваше покрај него без да бара нешто за возврат?

Кој го сакаше како човек, а кој го сакаше само она што можеше да го добие од него?

Одговорите беа болни.

Но вистината, колку и да боли, има една необична особина:

Те ослободува од потребата и понатаму да се залажуваш себеси.

По извесно време човекот што манипулираше со него се врати.

„Се промени“.

Андреас се насмевна.

„Да“.

„Не си како порано“.

„Токму така“.

„Не те препознавам“.

Андреас мирно го погледна.

„Затоа што порано ме познаваше преку она што можеше да го земеш од мене. Сега ме познаваш преку она што повеќе не ти дозволувам да го земаш“.

Тишина.

За првпат немаше што да одговори.

Тогаш Андреас ја разбра најголемата вистина:

Не мора да му се одмаздуваш на оној што те повредил.

Не мора пред сите да го разобличуваш.

Не мора да го натераш да ја почувствува болката што ти ја предизвикал.

Понекогаш најсилниот одговор е многу поедноставен:

Да му го оневозможиш пристапот до тебе.

Повеќе да не учествуваш во играта.

Да не ја оправдуваш злоупотребата.

Да не се извинуваш затоа што го заштитуваш својот мир.

Да не се плашиш дека некој ќе те нарече „лош човек“ затоа што си поставил граници.

Зашто на крајот Андреас сфати нешто за кое му требаше многу време да го научи:

Добрината без граници станува предавство на самиот себе.

Простувањето без свесност станува повторување.

А молчењето, кога не произлегува од страв, туку е свесен избор, може да стане најсилниот облик на душевна сила.

Не победи затоа што ги надвладеа другите.

Победи затоа што престана да се губи себеси само за да ги задржи во својот живот.

И оттогаш, кога некој ќе му речеше:

„Се промени“.

Не се лутеше.

Се насмевнуваше.

Зашто сега знаеше:

Не се беше променил.

Само престана да биде она што другите сакаа да биде.

Од уредничкиот тим на: Светиот храм „Свети Константин“ во Колонос

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!