![]()
Еднаш свети Лука Кримски, веќе изнемоштен од болести и гонења, примал луѓе после службата. Му пристапил еден младич и му рекол:
„Владико, јас постам, се молам, читам правило, но во срцето немам мир. Ми се чини дека Бог молчи“.
Свети Лука благо го погледнал и го прашал:
„Кажи ми, чедо, кога последен пат си прегрнал човек со болка?“
Младичот молчел.
Тогаш светителот му рекол:
„Сум видел многу рани – телесни и душевни. Ниедна не се затвора без љубов. Молитвата без љубов е како лек кој стои на полицата – исправен е, но не лечи. Бог не молчи, туку чека да Го пуштиш преку своето срце до другиот човек“.
И го испрати да посети една вдовица, заборавена и сиромашна. Кога младичот се вратил, очите му биле полни со солзи, но лицето спокојно.

Свети Лука тогаш тивко му рекол:
„Ете, сега вистински се помоли“.
Христијанството не збир од правила, подвизи и надворешни дела, туку жив љубовен однос кон човекот. Сите духовни вежби имаат смисла само ако преку нив тече љубовта. Без неа, верата станува студена, а побожноста празна.
Вистинскиот христијанин не се познава по долгите молитви, строгоста на постот или знаењето на догматите, туку по способноста да ја види болката на другиот и да му пристапи со милосрдност. Љубовта е мерило на сѐ. Каде е љубовта – таму е Бог. А каде ја нема, сѐ друго губи сила.
„Љуби го човекот – и преку него ќе Го сретнеш Христа“.