![]()
Беседа на протоереј Александар Дијагилев
Зошто во наше време поуките на светите отци не помагаат секогаш? Како да им помогнете на луѓето без да им се мешате во нивниот приватен живот? Колку повеќе проблематични семејства, толку повеќе ќе имаме акохоличари и наркомани во наредните поколенија. Болеста се состои во тоа што човекот не е способен да се освести и да си наметне свои чувства. Ќе кажам уште една интересна работа – чувствата не се грев. А жените – се научиле да живеат без мажи.
Беседа на протоереј Александар Дијаглиев.
Здраво, возљубени господа, отци, браќа и сестри. Денес сум удостоен со голема чест и радост. Да ви раскажам за проектите кои ги спроведовме во Санкт-петербуршката епархија. Се надевам дека кај вас тоа ќе предизвика интерес. Подготвени сме со вас да го споделиме нашиот опит. Подготвени сме затоа што знаеме колку голема е потребата за тоа. Веќе ви зборував, дека порано работев со младите. Својствено е за младите подоцна или порано да се оженат. Јас кога малку пораснав, почнав да се занимавам со тие семејни проекти, семејни конфликти. Од каде доаѓаат и зошто се појавуваат? Затоа што кога ќе се појави конфликт, неизбежно е да се постави прашањето: зошто?
Можам да кажам уште нешто, исто така како свештеник. Неколку пати бев сведок на тоа, како се распаѓаат семејства, на луѓе верници, мои парохјани. Тој доаѓа на исповед. Таа доаѓа на исповед. Тој се причестува, таа се причестува. Сум разговарал со него и со неа посебно и со двајцата заедно. И на крај – развод. На крај, сфаќам дека јас не можам да дојдам кај нив дома и да живеам за нив. Зборувајќи им: стоп, ти тоа не го зборувај, ти вака кажи. А ти нему така одговори му. Јас не можам тоа да го правам. Како да им помогнеш на луѓето не вплеткувајќи им се во нивниот приватен живот?
Најпрво треба да се разбере, што предизвикало и зошто дури и кај верниците се појавуваат конфликти во семејството. Пред да почнеме да зборуваме за тоа – што со тоа да правиме? – ќе почнам од статистиката. Статистиката зборува за Русија. Во Русија се распаѓаат 62% од браковите. Тоа е во споредба со регистрираните бракови во општините, во една година. И бројот на разводи регистриран во општината. Општа е тенденцијата – бројот на склучени бракови опаѓа. Бројот на разводи отприлика останува ист. Процентуално расте. Сѐ помалку луѓе сакаат да стапат во брак. А разводите се исти. Може да се претпостави дека тоа е поврзано со некоја демографска јама. Бидејќи сега треба да се женат и мажат оние кои се родени во тешките деведесетти.

Во тие тешки времиња, ако се сеќавате, да се сретне жена со количка или трудница беше навистина реткост. Во поголемите градови состојбата беше нешто подобра. Во Москва како што гледате половината од браковите се распаѓаат. Во Петроград е приближно исто. Ако ги земеме магаданската област и ленинградската област 81% од браковите се распаѓаат. Видете колку ужасни бројки.
Верувајте, и јас се прашував зошто е тоа така. Можеби поради големиот проблем со алкохолот. Тоа е нешто што можам да го претпоставам. Но што се однесува до Санктпетербуршката епархија, каде јас сум претседател на епархиската комисија веќе четири години, во последните две години… кај нас во епархијата така е уредено. Секој брачен пар кој сака да се разведе, најпрво ми ѕвони мене. Имам по десетина јавувања дневно. Можам да кажам дека порано беа помалку. Годишно имаме 1500 венчавања и околу 800 разводи. Јас разговарам со луѓето. Моја задача е да разберам што се случило. Ако е можно некако да се промени, исправи, јас ги повикувам на разговор. Или ги упатувам на психолог. Веќе имам доволно познати и точно знам каде да ги упатам. Ако ситуацијата е толку тешка што не може да се поправи, во краен случај, сепак ги советувам да отидат на психолог. Од минатата година и јас имам психолошко образование. Сега и јас консултирам. Сега можам полесно од психолошка гледна точка да разберам што е причината за развод. Ако таа тема не биде разработена, и тоа не од духовна гледна точка, туку од психолошка, постои опасност слична ситуација повторно да се случи и ќе се повторува. Но, како што гледате статистиката не радува. Тоа што човек се наоѓа во венчан брак ништо не гарантира, дека е осуден со семејна среќа. Што е причина за луѓето да се разведуваат? Има неброени работи со кои Црквата се обидува да се занимава. Со секоја посебно.
Се разбира, разводот е трагедија и психолошка траума за децата и за семејството. На пример – алкохолизам. Од една страна, често е причина за распад на бракот. Од друга страна често е испровоциран од проблемите во семејството. Дете кое е пораснато во семејство во кое мама и тато се караат и на крај се развеле, има големи шанси да стане алкохоличар или наркоман. Колку повеќе проблематични семејства толку повеќе зависници од алкохол и наркомани во општеството. Значи коренот на алкохолизмот и наркоманијата е во семејството. Здравото семејство им дава повеќе можности на своите деца да ги надминат искушенијата на овој век. Да не се навлечат на некоја глупост, како што се алкохолот, наркотиците, игроманијата и останатите пороци. Зошто луѓето се разведуваат? Прво што ми паѓа на памет е – прашајте ги нив. Јас сум ги прашувал и имам составено список на причини. Сакам да кажам дека прељубата се наоѓа на крајот. Затоа што најчесто прељубата е причина за нешто од порано. На почетокот сѐ почнува со некој проблем, а потоа како резултат е прељубата. И уште две причини: неприфаќање на чувствата на другиот и неможноста за водење разговор. Затоа што праксата покажува, ако успеат да ги решат тие две прични, сѐ останато ќе се реши. Односно клучот за решавање на семејните проблеми лежи тука. Умеењето да се сфатат чувствата еден на друг, и умеењето да се води дијалог. На тоа малку ќе се задржам. Сакам да го прашам? Млад човеку што чувствуваш? Кажи ми што чувствуваш? Размислувам на тоа што вие го зборувате, но тоа не се чувства. Размислувам на тоа што вие го зборувате, тоа е интерес. Тоа не се чувства. Да, интерес, одлично. Што уште? Страв. Бунт. Интересно. Чувство за одговорност. Постои таква болест. Се нарекува алекситимија. Можете да ја запамтите – алекситимија. Болеста се состои од неспособноста човек да се освести и да ги именува своите чувства. Повеќето луѓе, кога ќе ги прашаш – што чувствуваш? Тие почнуваат да одговараат, како да си ги прашал за што размислуваат. Тоа се сосема различни работи. За што размислувам или што сакам – тоа е една работа. А што чувствувам, тоа е сосема различно. Можам да кажам искрено, дека за мене лично тој свет ми се откри неколку години наназад. Можам да кажам дека болеста се лекува. Јас сега чувствувам умор, воодушевување, внатрешно спокојство. Чувство на внатрешна одговорност, некаков страв. Ќе кажам уште една интересна работа. Чувствата не се грев. Јас нема да одговарам пред Бог, затоа што тоа не зависи од мене. Воопшто не зависи од мене.
Ако земам молив и ви го забијам во нога. Вие сигурно ќе почувствувате болка. Точно, нели? Дали имам право да ви речам: ај, ај не чувствувај болка. Зошто чувствуваш болка? Тоа не е добро чувство. Тоа не зависи од човекот. Истото се однесува и на душевните чувства. Јас пред Бог одговарам за помислите, за овој или оној начин на изразување на своите чувства. За тоа, колку се наклонувам кон некои чувства, на пример пријатни, или ги избегнувам некои чувства, на пример, непријатни. Односно начинот на избегнување на чувствата или начинот на стремење кон некои чувства, можат да бидат грешни. Јас носам одговорност се разбира, за зборовите и за постапките, кои можат да бидат испровоцирани од овие или оние чувства. Но за фактот што јас нешто чувствувам, јас немам одговорност. А тоа значи дека не треба да се осудувам себеси или некој друг. И ако овде некој нешто чувствува, на пример, воодушевување или радост, а некој друг страв. Јас немам право да го осудувам. Кај човекот постојат причини, зошто се чувствува така. Мислам дека мнозина ќе се согласат со мене, дека биле во таква ситуација, ако сте биле доволно внимателни кон себе, сте чувствувале нешто, а не сте сакале да биде така.
Видете сакам да ви кажам уште една работа која треба да ја знаете. Постои термин „чувствување“, но постои и термин „состојба“. Во што е разликата? Најобичните душевни чувства не траат повеќе од 15 минути. Можеби и 20. Зборувам за душевните. Секако телесните може да траат подолго. Ако јас подолго време не можам да излезам од некои чувства. Часови, денови, па и месеци. Седам навреден и се јадам себеси. Навреден од некој. Тоа веќе не е чувство, иако се нарекува со ист термин. Чувството за кое сум свесен, за кое сум свесен одамна, не е спонтано. Специјално од моја страна е култивирано. Јас наоѓам причини и аргументи зошто јас треба така да се чувствувам. Значи мене ми е удобно тоа да го чувствувам, имам некоја корист, иако некогаш тоа мене ме уништува. Но поради нешто јас сакам така да се чувствувам. Јас наоѓам аргументи, поради што треба така да се чувствувам. Значи излегува дека мене ми е удобно тоа да го чувствувам, имам некоја корист, иако ме уништува. Но поради нешто јас сакам така да се чувствувам. Наоѓам аргумент, повторно и повторно во главата ја преживувам ситуацијата. Ја враќам од почеток, за повтроно да ја чувствувам. Тоа веќе не е чувство. Затоа постои чувство на навреден и состојба на навреден. Постои чувство на вина и состојба на вина. Постои чувство на радост и состојба на радост. Во тој случај може да биде некоја наметната радост, која сами кај себе ја потенцираме. Најчесто состојбата е поврзана со непријатните чувства. Понекогаш државата или некои наметнати ситуации, можат кај нас свесно да култивираат одредени чувства кон некој или нешто. Заради своја цел. Некоја благородна лутина надоаѓа како бран. Но тоа веќе е состојба. Состојбата може да биде грешна и безгрешна. Чувствата сами по себе уште не се грев. Чувствувањето, тоа е реакција, сигнал на нашиот систем на нашиот организам и нашата душа. Тоа е сѐ.
Но бидејќи за многумина од нас ни е проблем да го разбереме тоа што го чувствуваме, да бидеме свесни некако тоа да го изразиме. Притоа да го изразиме културно. Ете можам и за себе лично да кажам, дека понекогаш сум правел нешто што не било логично. Сите ние понекогаш така правиме, што ни самите не знаеме зошто. Првата причина за тоа едноставно се чувствата, кога човек ќе се праша – зошто тоа го направив? Ако е искрен, ќе рече: не знам. Или ќе почне нешто да измислува: навистина, а зошто јас тоа го направив? Ќе се обиде насила нешто да измисли, зошто го направил. Иако веќе го направил, а после почнува да размислува, зошто?
Превод: Протоереј Игор Пармачки
Православна светлина бр. 76