Примери за Божји интервенции

Spread the love

Loading

Строга казна

Во херцеговачкиот град Билеча, за време на Австроунгарското владеење, како службеник работел М. Адамович кој долги години бил одговорен на тој округ и бил човек кој, преку својата администрација, многу ја навредил православната заедница во локалниот округ. На народот му било најтешко што не можел за време на големите празници, како по стариот обичај, слободно да влегува во Црна Гора и да отиде на поклонение во манастирите Острог и Кисијерево.

Еден ден се беше собрала една група на поклоници во Билеча, пред канцеларијата на претседателот за да побара одобрение за премин во Црна Гора, заради поклонение во манастирот Острог. Па така, околу девет часто наутро излегол Адамович на тарасата, до која имало скали соѕидани од камен и со жесток тон му се обратил на народот: „Попусто ме чекате, нема да ви дадам пропусница за Острог! Па вие сте глупав народ и кажете ми, зошто одите таму? Па, таму нема ништо освен еден сув труп кој Црногорците го ставиле во ковчег и го прогласиле за светител“.

Само што ги кажал овие зборови еден од службениците довикнал и тој се завртел некако невнимателно и во тој момент ногата му се лизнала, па се струполил по скалите и ја скршил ногата. Го однеле во болница, каде се лечел скоро два месеци. Додека бил во болницата дал наредба на народот да му се дава пропусница и дека секој што сака во иднина може непречено да оди на поклонение во Острог. И самиот тој пратил добар прилог во пари како дар за манастирот и дал завет дека тоа ќе го прави секоја година.

Таа тешка повреда која го снашла, ја сметал за казна Божја, за пцовките и омаловажувањето на вистинитите чудотворства на угодникот Божји и оттогаш па натаму никогаш повеќе не се слушнало од него како со потсмев и со навредливи зборови се обраќа кон христијанските православни светии.

Навистина, Господ не дава да се потсмеваме на Неговите деца и да ги навредуваме колку ние сакаме! Верниот народ се спријателува со светителите и бара помош од нив, бидејќи тие се блиску до Бога, а неверните фаќаат за пријатели луѓе немоќни и неверни, кои ни самите на себе не можат да си помогнат, им се молат на луѓето, а на светителите не сакаат, па уште им се потсмеваат, но нема тоа да биде за долго. Тешка е раката Божја и на Неговите светители, кој ќе го удри таа и тој падне, потоа тешко ќе се крене. Затоа „не плукај во ветарот“, туку секој ден моли се на Бога и светителите, тие бргу помагаат.

Небесниот телеграф

Еден господин Иван Јосифовиќ на раскажа за чудесниот настан кој зборува за  Небесниот телеграф.

Овој вистинит настан се случи со мене пред дваесет години, ноќта на Велигден. И ден денеска кога ќе се потсетам на тој мистериозен настан, душата не може да ми се смири од потресното чувство, кое е врзано со длабоката вера во Божјата Промисла, која честопати го спасува човекот од смртна опасност.

Во тоа време бев во служба како шеф на железничката станица од трети ред која се наоѓаше во едно далечно место. Вечерта, во очи на празникот на Христовото Воскресение, имав лошо расположение. На моите другари кои исто така беа телеграфи расположението им беше на завидно ниво, знаејќи дека ќе го дочекаат големиот празникот далеку од сето она што им е мило и драго. Навреме припремивме сѐ што е потребно за дочек на Празникот, а кога помина полноќ заѕвони ѕвоното кое го објави доаѓањето на товарниот воз и со тоа ме тргна од тешките мисли. Го пречекав и го испратив возот па се вратив кај моите другари, сметајќи дека Божествената службата е завршена и им го честитав празникот на сите. После закуската почнавме разговор, кога ненадејно слушнавме отчукувања на телеграфскиот апарат. Сите замолкнавме. До нашите уши јасно дојдоа звуци, кои искусното уво, кое е навикнато да ги разликува буквите, може лесно да разбере дека апаратот изговара: „Навистина Воскресна“ и сите јасно разбравме: „на педесет и четири километри – несреќа“!

Што е тоа? – реков и скокнав кон апаратот заедно со моите другари. Каква несреќа, каде?

Чудно беше како лентата на апаратот беше сосема чиста. Телеграфот веднаш ги информира и ги праша другите соседни станици за тоа и доби одговор дека никој ништо не телеграфисал. Таквата вест нѐ запрепасти. Што значи тоа? Кој си дозволува такви глупави шеги? – си помислив јас во себе, иако навистина некако необјасниво чувство ми го скрши срцето. Почекавме уште некоја минута и апаратот почна повторно да отчукува, ми се чинеше сега уште појако. Го слушавме тоа, пребледевме и останавме без здив.

„На педесет и четири километри е несреќата, време е“! – повторно проговори апаратот. Избезумени така, скокнавме кон апаратот и повторно увидовме дека лентата е чиста, без да има некакви знаци.

Во тој момент се скаменивме. По некое време решивме дека треба да ја разјасниме таа загатка па да појдеме по тој таинствен совет. Се упативме на местото кое апаратот ни го кажуваше, а се наоѓаше на два километри оддалеченост од станицата.

Кога стигнавме на местото, имаше што да видиме. Наишла голема вода, ја поткопала пругата и правецот го сменила право во езерото, односно во амбис, па ако не стигневме на време целиот брз воз неизбежно ќе потонел во езерото. Кога го увидовме сето тоа, со голема брзина се вративме назад и со предупредување до другите станици го сопревме возот кој требаше да помине оттаму. Кој ми одговори на воскресенскиот поздрав и кој ми прати необична порака – за мене тоа ќе остане засекогаш загатка. Јас од оваа гледна точка до ден денес сум убеден дека Промислата Божја ги спасува луѓето со својата Семоќна рака. Таа не даде да згаснат неколку стотина човечки животи во онаа вечер на Христовото Воскресение, т.е. на време се јави и ги спаси луѓето од кобна смрт.

Ова е голема поука и за оние кој веруваат и за неверните, дека Господ сѐ гледа и сѐ знае за нас. Он има промисла за сите нас и за целиот свет и за секој знае колку му е одредено времето на Земјата, а кога преминот во оној свет – за вечен одмор или во вечна мака – сѐ според делата наши.

Самоубиствен грев

Во една куќа, деверите долго време ја злоставувале својата снаа, на која мажот ѝ заминал во далечна земја на печалба. Деверите, помогнати и од својата мајка со секојдневни интриги и озборувања, правеле сѐ за да направат омраза кон нејзинот маж и за да го оцрнат нејзинот углед и глас, која кај народот уживала углед на чесна и морална жена. Толку многу со своето тероризирање ѝ досадиле и ја избезумиле поради што одлучила да изврши самоубиство со бесење. Од трпение паднала во очајание и поради слабите молитви демонот ја добил власта над неа, но сепак добрината нејзина ја спасила.

Таа напишала писмо со простување, кое кога би го нашле после смртта ја објаснува причината за тој грозоморен чин. Го припремила јажето, го врзала околу една дрвена греда во близина на куќата. Се качила на дрвениот сандак, ја дофатила јамката за да ја стави околу вратот, се прекрстила и се помолила на Бога за да ѝ ги прости сите гревови и во тој час забележала во еден агол голема светлина и во светлината видела прекрасна жена, која држи мало дета во рацете и како излегува со иконата на Пресвета Богородица. Гледајќи го така тој призор неколку секунди, во тој момент паднала во несвест под бесилката и така останала да лежи околу три часови. Кога влегла слугинката ја нашла онесвестена, па ја разбудила и ја однела во куќата, каде таа едвај се опоравила од силната душевна возбуда.

Оттогаш снаата постојано се присетувала на ова видение, кое ја спасило од телесна и душевна пропаст, а благодарејќи на Мајката Божја и Спасителот Христос за таквата голема неискажлива милост.

Ете, гледате како злобата, зависта и озборувањето малодушните ги води во самоубиство. Злобата е дело на самиот демон, па каде нема молитва, пост и милостиња во таа душа живеат многу демони, преку кои ги наведува на злодела и себе и другите околу себе. Кој не се кае за злото, подобро ќе беше мајка да не го родила. Тешко на тој дека ќе го дочека денот и на овој и на оној свет.

Превод: Протоѓакон Бобан Ѓорѓиевски

Православна светлина бр. 76

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Content is protected !!