Цареви – архаичен датив, се мисли на Царот, нешто упатено кон Царот Христос.
Церков, црква – собрание, собор. Литургиско собрание на верниците, заедно со својот епископ, свештеници, ѓакони и монаштво. Кога сите ќе бидат собрани на Литургија и сите ќе се причестат со Телото и Крвта Христови, исповедајќи една и иста вера – тогаш имаме Црква. Бидејќи црквата се собира на Литургија во храмовите, затоа тие го добиле името црква.
Человјек – човек, оној кој со челото гледа кон вечноста. Животните одат со наведнати глави и гледаат кон земјата, а човекот кон небото, кон вечноста.
Чревоугодие – угодување на стомакот.
Чревобјесие – беснеење на стомакот, неумереност во јадењето.