Слово-Твердо-Ук-Ферт-Хер

Loading

Свештеник – иереј, свештен, духовен. Оној кој од епископот бил ракоположен за свештеник. Во свештената ерархија постојат три основни чинови: ѓакон, свештеник и епископ.

Свештеномаченик – маченик кој имал свештенички чин.

Спасител – Исус Христос, Синот Божји, Кој го спаси светот од ропството на гревот и смртта.

Страст – страдање.

Трисвето – молитви во чест на Света Троица.

Трост – трска.

Троица – Бог Света Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух.

Ублажува – да го сметаш некого за блажен.

Христóс – (со акцент на О), придавка, што значи помазаник. Се мисли на Синот Божји, Исус Христос. Името Христос (со акцент на И) е обично и секојдневно име во Грција. Кај нас се користи скратено како Христо или Ристо, Ристе.

Не кради, сподели: