Невештествениј – нематеријален, кој нема вештество (материја).
Ниње – сега.
Отец – татко. За да се прави разлика меѓу телесен и духовен татко, за црковните духовници се користи црковнословенскиот термин отец. Исто така и за Бог Отец.
Отечески – она што му припаѓа на отецот.
Отечество – татковина.
Отниње – отсега.
Праотци – се мисли на Адам и Ева, првите родители.
Перст – земја, прашина.
Преподобен – обично се мисли на светите монаси, онои кои станале премногу подобни (слични) на Христа.
Подвиг – аскеза, вежбање во добродетелите, придвижување кон целта, уподобување на Христа.
Подобен – сличен.
Присно – секогаш.
Приснодева – секогаш девојка, вечно девство.
Приснопамјатниј – вечноспомнуван, незаборавен.
Причест – се мисли на Телото и Крвта Христови кои ги примаме на Светата Литургија. Буквално значи општење, заедничарење, да се биде дел од нешто, конкретно, дел од Црквата, дел од Телото Христово.
Пришествие – доаѓање.
Пророк – оној кому Бог му открива идни настани, кој се грижи за чистотата на верата. Пророците немаат никаква врска со измамниците, наречени бајачи, гатачи, јасновидци.
Рамноапостол – оној кој извршил подвиг рамен на апостолите, кој обратил во христијанство многу народи и земји.
Рамноангелен – рамен на ангелите, според светоста на животот. Обично се користи за светите монаси.
Раслабен – парализиран, кој има ослабени мускули и зглобови, кој не може да се движи.
Рождество – роденден, раѓање.