![]()
Протоереј Андреј Лоргус
Вистинскиот духовен живот започнува тогаш, кога човекот престанува да ги употребува оние општи фрази, како „волја Божја“, „послушание“, „духовник“, кога тој размислува за тоа, што се случува во неговото срце. Овие зборови кои имаат многу висока цена, се употребуваат како некоја разумна завеса, зад која најчесто нема никаков духовен живот.
Разбирате, многу луѓе живеат, без посебно да размислуваат за тоа, што се случува со нив во овој живот. Живеат и живеат. Одат во црква, се исповедаат, се причестуваат, читаат молитви, читаат Евангелие, но не размислуваат што се случува со нив. Иако им се чини дека живеат духовен живот. Всушност тоа е ритуален живот, религиозен, во некоја мера верски живот, да, но тоа не е духовен живот. Затоа што таму не постои главното прашање: каде е Господ во мојот живот?

Обидете се да се запрашате: колку денес бев насамо со Бога? Неочекувано прашање! Луѓето се подготвени да кажат колку време потрошиле на молитвеното правило, колку време биле во црква, колку пати се помолиле во денот, колку читале Евангелие, размислувале за Евангелието, а насамо со Господ…
Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев