Еднаш кај старец Пајсиј довеле човек со инвалидска количка. Подвижникот ги прегрнал неговите парализирани, недоразвиени нозе и почнал да ги целива, велејќи: Ах, ножиња, ножиња… Тие ќе те однесат во рајот, а ти не го сфаќаш тоа…

Слушни ме, чедо. Бог не сака ти да оздравиш. Твојата состојба ќе биде сѐ полоша и полоша – подобро нема да биде. Но знај: оние луѓе кои се собираат околу тебе и ти служат, си ги спасуваат своите души на тој начин. Укажувајќи ти помош тебе, тие самите добиваат помош, иако не го сфаќаат тоа. Така ти стануваш средство за спасение на душите. Бог од тебе го бара токму тоа.
Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев