(Од животот на митрополитот Антониј Сурошки (Блум))
Еднаш кај митрополитот Сурошки Антониј (Блум) се обратил човек, кој за време на војната случајно ја убив својата сакана девојка, својата невеста. Со еден истрел срушил сѐ, за што тие толку многу заеднички фантазирале – среќен живот после војната, раѓање деца, училиште, сакана работа… Сето тоа ѝ го одзел најблискиот и најсаканиот човек на земјата.

Тој несреќник проживеал долг живот, многукратно се каел за своите гревови на исповед, и свештениците и архиереите му читале разрешна молитва, но ништо не помагало. Чувството на вина не го напуштало, иако поминале веќе шеесет години. А владиката Антониј му дал неочекуван одговор:
„Вие барате прошка од Бога, Кому со ништо не сте му наштетиле, сте се каеле пред свештениците, кои не сте ги убиле. Сега обидете се да побарате прошка од самата таа девојка. Раскажете ѝ за своите страдања и замолете ја, самата таа да се помоли за вас пред Господ“.
Потоа човекот заминал, и по некое време му испратил писмо на владиката, каде што му раскажал дека направил сѐ како што го советувал, и ледениот трн на вината, кој стоел во неговото срце долги години, конечно исчезнал. Молитвата на убиената од него невеста се покажала посилна од неговите лични молитви.
Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев