Фотиј Кондоглу
Денес, кога го пишувам ова, го славиме споменот на светиот Јован Крстител. Вчера вечерта пеевме на вечерната умилно во еден параклис, и имаше само неколку жени и два-тројца мажи.
Денес утрово пеевме на Литургијата и пак имаше малкумина верници.
Продавниците беа отворени, сите работеа како да не е празник на најголемиот светител од нашата вера.
Вистина се кажува во тропарот: „Споменот на праведниот е со пофалби, тебе ти е доволно сведоштвото на Господа, Претечо“. Со пофалби и побожност некогаш православните христијани го славеле Претечата, но денес доволно му е сведоштвото на Господа. Ова сведоштво ќе остане до вековите, било да го слават, било да не го слават луѓето, било да го памтат, било да го заборават.
И ова е сведоштвото: дека светиот Јован Претеча „е најголем од родените од жена“, според зборовите на Самиот Христос.
Затоа нашата Црква одреди да биде поставена неговата икона веднаш до иконата на Христос на иконостасот на секоја православна црква.
Еден таков светител немаме време да го прославиме. Но имаме време за да правиме гозби (со јадење и пиење), како што правеше Ирод, за време на кои гладуваат илјадници наши браќа. На една таква гозба маченички пострада Претечата, а тој настан го знаат сите.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев