Христе мој – старец Јероним Егински

Нашиот Господ Христос

Loading

Нашиот Господ Христос

Еднаш кога го бев кај старецот Јероним Егински со мати Марија од Инуси во текот на разговорот со мати Марија го чувме старецот како гласно вика: „Му![1]“ Тој го повтори неколку пати – Му! Му! Му! И јас и мати Марија бевме обајцата збунети. Што сакаше старецот да каже, мукајќи така? Дали можеби имаше стомачни болки или нешто слично? Се разбира, на грчки, му (μου) значи мој. А потоа го чувме како ì кажува на мати Марија: „Како тоа зборуваш за нашиот Господ и Спасител, велејќи: Исус рече? Кој е тој Исус? Не е ли тој нашиот Христос? Кога зборуваш за твојот сопруг, твојот син, твојата ќерка, не велиш ли МОЈОТ сопруг, МОЈОТ син, МОЈАТА ќерка? Затоа никогаш не зборувај за нашиот Спасител без тоа му (мој) или наш“.

Оваа забелешка ми остави голем впечаток. Уште од рана младост јас секогаш велев „нашиот Спасител“, „нашиот Господ Исус Христос“. Јас бев роден, израснат, и живеев помеѓу побожни Православни христијани, и ова беше начинот на кој тие размислуваа и зборуваа. Анадолските Грци секогаш ќе речеа на турски, Татли Јесум, Ефенди итн., т.е. Мој пресладок Исусе Господару. Тие никогаш не зборуваа за нашиот Спасител на студен, безличен начин. Како дете јас се вознемирував ако некој, дури и клирик, речеше: Исус рече“ исто како што некој може да рече: „Сократ рече“, Конфучие рече“, Ајнштајн рече“. Нашиот Спасител и Господ Исус Христос не беше некој си од улица – не еден од многутемина – туку Богочовекот Господ Исус. Затоа никогаш не треба да се зборува за Него на еден безличен или секојдневен начин. Тоа е грубо, ако не и бесчесно. Мати Марија никогаш не го заборави овој настан со „Му“ кај старецот. Таа проживеа уште четириесетина години по ова и секогаш користеше префикс „мој“ или „наш“ пред сесветото име на нашиот Спасител.


[1]  Μου – на грчки значи „мој“.

Превод од новогрчки: Ѓакон Јани Мулев

 

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *