Хомосексуалноста на децата како казна за нарушените семејни односи

Loading

Анастасија Бондарук

 

Некогаш разговараме со мајките, кои со насмевка раскажуваат или пишуваат за тоа, дека нивниот син сака да се однесува како девојче. Таткото не успева да поминува време со него…

Од една страна, хомосексуалец може да се стане од соблазнување. Црквата многу дејствува за да ги заштити од таква соблазна кревките умови и души. Од друга страна, хомосексуалец може да се стане преку воспитувањето.

Протоерејот Алексиј Умински вака пишува за ова: „Свештеникот треба да сфати, дека хомосексуалноста не е просто грев. Се разбира, во голема мера од случаите хомосексуалноста се појавува како манифестација на распуштеноста, падови, развратност на човекот, кои го доведуваат до задоволување на својата похота на таков противприроден начин. Но не треба да се испушта од вид, дека склоностите од таков тип може да се јават кај одредена група луѓе, како нешто што не зависи од нив. Искривувањето на сексуалната ориентација од детството може да има разни причини“.

Јас би сакала да позборувам за грешките во воспитувањето, кои доведуваат до такви последици.

 

Полов идентитет

 

Некогаш разговарам со мајки, кои со насмевка раскажуваат или пишуваат за тоа, дека нивниот син сака да се однесува како девојче. На пример, еве вака: „Мојот син има 4 години. Тој комуницира, главно, со жените, кои многу го сакаат. Сака да гледа како жените се грижат за себе, се чешлаат, се шминкаат. Речиси не го пуштаме да шета, во детска градинка не успеавме да го запишеме. Татко му не успева да поминува време со него, бидејќи многу работи. Во последно време почнавме да забележуваме, дека тој, како девојче, се врти пред огледалото, се обидува да користи пудра за лице. Мажот ми мене ме критикува. Може ли сето тоа да повлијае врз понатамошната негова сексуална ориентација?“

 

Сексуалната ориентација – како последица на што и како таа се формира.

 

За жал, за мајката, која ни го напиша писмото, половиот идентитет се формира не „понатаму“, туку во периодот од 2-4 година. Цврстиот полов идентитет, т.е. чувството на припаѓање кон женскиот или машкиот пол, го определува не биолошката природа, а тоа, како се воспитува детето од две до четири години – како девојче или како момче.

Точно така идентитетот на половата улога, т.е. прифатената во ова или она општество норма на однесување, типична за жени и мажи, тесно е сврзана со психосоцијалните фактори. Па така, изборот на објект за љубов во најголем степен зависи од социјално-психолошкиот опит, стекнат во раното детство. Т.е., на што треба да се посвети внимание…

 

Цврстиот полов идентитет: кон кој пол детето себеси се прибројува. Како зборува тоа за себе, како се однесува кон своето тело, какви игри и облека бира.

Идентитетот на половата улога: психолошки принципи и начини на меѓуличносно однесување. Основни модели на општествени меѓусебни влијанија. Карактеристики, својствени за мажи или жени и кои се делат на тој начин.

Доминантен избор на објект: избор на објект за љубов. Нормалниот избор на објект ќе се случи тогаш, кога во нормите е формиран цврст полов идентитет.

 

Се смета дека во психологијата нема сфаќање за норми. Тоа не е така. Современиот психотерапевт може да му каже на хомосексуалецот, кој изјавува дека неговата сексуална ориентација е норма, дека од аспект, на пример, на психодинамичкото насочување, неговата сексуална ориентација се покажува како перверзија. Бидејќи норма е таа ориентација, која им дава можност на луѓето да го продолжат својот род и да раѓаат деца.

Испитувањата, извршени од психотерапевтот Роберт Столер врз возрасни трансексуалци и деца со аномалиска полова идентификација, дале информација за основните шаблони на родителско-детските меѓусебни односи. Станало очигледно, дека кај мажите-трансексуалци мајките, како по правило, имале силно изразени машки црти, а татковците или отсуствувале, или биле пасивни и дистанцирани. Мајката гледала во својот син некој вид на продолжување, неоткинлив дел од себе.

Сличната блажена симбиоза доведувала кон постепено бришење на машките карактеристики кај детето, зголемена идентификација со мајката, а исто така и отфрлање на машката улога, неприфатлива за мајката и несреќно одиграна од таткото. Кај жените-трансексуалки мајката обично ја отфрла, а таткото или отсуствува, или е недостапен за ќерката, која не чувствува, дека нејзе ја поддржуваат како девојче. Тоа ја стимулира да стане замена на машка фигура за мајката во нејзината осаменост. Маскулинираното однесување на ќерката се одобрува од мајката, нејзината депресија исчезнува – и се раѓа чувство на полноцено семејство.

 

Затоа е опасноста број 1.

Татковци, кои малку и ретко се занимаат со своите синови. Сметаат дека тоа е исклучително женска работа – да се воспитуваат децата. Убедени во тоа, дека додека детето сè уште е мало – нема смисла да се занимаваат со воспитување од страна на таткото. А ете кога тоа ќе потпорасне…

Нормално, овде може да се појави прашањето, ако за момчето е толку важно влијанието на татковската фигура, тогаш, како би било, ако во семејството нема татко или дедо? Позицијата на таткото е важна, како таква, која става граници на мајчинскиот авторитет, покажувајќи му на детето, дека мајката не е тотална. Важно е, самата мајка да му покажува на синот пример дека таа не е безграничен авторитет, дека и таа е потчинета на закон, на пример, на христијанскиот.

Во таков случај, ако мајката му вели на синот: „Јас го правам ова, затоа што така учи Црквата, така рече отецот“, – таа ќе му покаже на детето дека и над мајката има авторитети и закон. Т.е. мајката не е конечна вистина, и не треба во сè да се биде сличен на неа. Мајката го упатува синот кон символичкиот татко, кој и самиот го исполнува законот, даден од Бога. Така таа му покажува на детето: „Оди и биди сличен на Него. Почитувај Го Господа и биди послушен“. Па така детето сфаќа дека оној, когошто го слуша мајка му, е интересен, како пример за подражавање. Тоа е важно и за девојките и за момчињата.

 

Од тоа следи опасноста број 2

Мајките не ги пуштаат своите деца кај татковците. Зборуваат пред децата дека тие татковци се ужасни, „необразовани грубијани“ итн. На секој начин покажувајќи им на децата дека токму таа (мајката) е пример за воспитаност и правилен начин на живот. Така кај момчето се формира мислење, дека да се стане маж, значи да се стане „невнимателен и невоспитан грубијан“ или нешто слично. Кај девојчињата – да се засака маж, значи да се засака некој кој е достоен за мајчиниот презир.

Ако зборуваме за тоа, што делува подеструктивно врз формирањето на личноста, тоа што таткото не си ги мие рацете пред јадење, или тоа, што мајката го разрушува авторитетот на таткото, тогаш второто просто катастрофално влијае врз детето.

Психијатарот Ричард Грин го изучувал воспитувањето на децата со феминистички црти. Се разјаснило, дека основни фактори, кои влијаат врз развивањето на феминизираноста кај момчињата, се покажале рамнодушноста на родителите кон појавувањето на феминизираното однесување или неговото засилување; облекување на момчето во женска облека; прекумерна мајчинска грижа; недостаток од комуницирање со момчиња од своја возраст.

Критична општа црта во сите тие случаи, слично, се јавува тоа, што кај нив отсуствува неодобрување на феминизираното однесување; недостаток од општење со момчиња од своја возраст. Понатамошните испитувања на овие момчиња откриле среде нив висок процент (до 75%) бисексуалност и хомосексуалност (Грин, 1987).

 

Опасност број 3, 4

Отсуство на неодобрување на женското однесување. Забрана за момчињата да се дружат со свои врсници. Можеби тие се неправославни и ќе го научат на лоши зборови. Подобро детето нека си седи дома, заедно со мама. А мама ќе го научи на толку добри работи, а тоа значи… како да биде добра жена.

Се сеќавам како во времето на предавање во неделното училиште јасно се следеше тенденцијата: токму тие деца активно се интересираат, се вклучуваат во лекциите, чиишто семејства живеат христијански живот и имаат можност да им дадат на децата доволна количина од душевни сили и време. Ако тоа не се случува, децата може да се занимаваат, да цртаат и да ги исполнуваат задачите во училиштето, но во недела доаѓаат како и за нив повторно да треба да се борат, тие повторно, се некако блиску до губење на интересот кон сè што е црковно.

Затоа не треба да се остава одговорноста за воспитувањето и воцрковувањето исклучиво на општествените институции. Се сеќавам, како ми призна еден татко: „Цел живот се надевав, дека синот некој наместо мене ќе го воспитува. Училиште, тренинзи, курсеви… Гледаш, а никој не го стори тоа“.

 

Опасност број 5

Убеденост во тоа, дека за православниот христијанин многу поважно е да се занимава со социјална дејност, отколку со своето семејство и деца. Важно е хармонично да ги распределуваш своите сили и да сфаќаш, дека некогаш, исправајќи ги грешките на туѓото воспитување, можеме да ги трауматизиразме своите деца.

Навистина, читајќи го овој материјал, секој може да открие вакви или онакви проблеми во своето семејство. Затоа важно е да се забележи, дека грешките кои водат кон изопачување се силно изразени и, такаречено, се постојани и трајни, а не периодични.

Овој текст би го завршиле исто така со зборовите на протоерејот А. Умински: „На човекот, кој не практикува хомосексуални врски, но има такви склоности, многу му е тешко да живее во нашево време. Особено комплицирано станува во комуницирањето со свештениците, кои може и да не ги знаат основите на психијатријата, психоанализата, психологијата и сексологијата. За таквиот човек добро би било да најде свештеник, кој разбира, дека често хомосексуалните склоности не се појавуваат како последица на развратноста на човекот, за тој пастир да сфаќа, дека со таков човек треба да се работи на посебен начин“.

 

Превод од руски јазик:

Ѓакон Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *