![]()
Архимандрит Петар Драгојлович
Безобразно и христогонителски е да се отфрли народот од Светата чаша, туку така, бидејќи тоа на некого му е ќеиф според некакво искривено, изопачено, несветоотечко и неевангелско разбирање на Светата Литургија, и тоа дека не е секоја Литургија за причестување на народот – туку само по некоја – е најбезобразно спротивставување на Христос, на Неговите јасни зборови и Негова директна заповед: „Земете јадете, ова е Моето тело… Пијте од неа сите (не само свештениците!!!), ова е крвта Моја на Новиот Завет, која се пролева за мнозина и за отпуштање на гревовите“ (Мат. 26, 26-28)!
Црквата е мистичен Богочовечки организам. Таа е свештена и сеосветувачка заедница во Господ Христос. Заедница меѓу Бог и луѓето, но и на светите ангели. Заедница на која вечна глава е Самиот Господ и Спасител наш Исус Христос.
Светата Литургија е како присуство на Царството Небесно на земјата, исто така е соборно и заедничко дело во Троичниот Бог и народот Божји, во кој активно учествуваат и светите ангели.

Во превод од грчки тоа и значи Литургија (λειτουργια од λειτος = народен/λεως, λαός = народ/ и έργον = дело, работа, акција). Литургијата е исто така општонародна, заедничко Божјо дело во Христос, во кое луѓето се собираат (собор на верници). Љубовта и Милоста Господови преобразуваат, односно и ја претвораат во Црква Божја. Во Царство Небесно на земјата.
Ако Литургијата е заедничко општонародно дело на Бог и на луѓето, а така е, тогаш Литургијата е општонародна не само по заедничките поими и заедничките молитви, бидејќи такво нешто постои и во другите богослуженија во храмот – Вечерната или утрената служба. Литургијата е општонародно дело, пред сѐ и по тоа што сите се подготвувале за Неа преку причестување со Светите Тајни на Телото и Крвта Христови. Преку учество на сите во Светата Тајна Причест – и свештениците и вениот народ.
Безобразно и христогонителски е да се отфрли народот од Светата чаша, туку така, бидејќи тоа некому му е ќеиф според некакво искривено, изопачено, несветоотечко и неевангелско разбирање на Светата Литургија, и тоа дека не е секоја Литургија за причестување на народот – туку само по некоја – е најбезобразно спротивставување на Христос, на Неговите јасни зборови и Негова директна заповед: „Земете јадете, ова е Моето тело… Пијте од неа сите (не само свештениците!!!), ова е крвта Моја на Новиот Завет, која се пролева за мнозина и за отпуштање на гревовите“ (Матеј 26,26-28)!
Понатаму, Светата Литургија без причестување на верниот народ Божји ја губи основата, темелот, суштината, евангелската и спасоносна смисла, и повеќе не е Литургија (општонародно дело) туку искривена и извитоперена Литургија во нешто што може да се нарече „Јереоургија“ (свештеничка, да не речам, попска работа). Се претвора во некакво приватно, секташко и егоцентрично служење на свештеникот само за себе и сам на себе.
Затоа оној свештеник кој служи Литургија само за тој да се причести, не давајќи на верниот народ кој совесно се подготвувал за Литургија, да учествува во Светата чаша Господова, е своевиден грабливец на светињата (светотатство), односно оној кој разбојнички го приграбува за себе она што Бог му го доверил за да го дели со народот Божји. А светотатството е страшно големо прегрешение и пред Бог и пред Царството Небесно. Тоа е големо проклетство за оној кој, како некаков нов Ирод, Нерон или Диоклецијан, сака од верниот народ да го одземе, односно украде Христос Бог. Бог кој несебично му се дава во Светата Евхаристија кој силно сака да се всели во душата и телата на своите верни деца.
Семилостивиот Бог Христос да нѐ зачува од такво безумство и таква страшна дрскост.
Превод: Протоереј Игор Пармачки
Православна светлина бр. 77