![]()
Монахиња Софронија
Ги наполнивме црквите, но не и срцата.
Изградивме манастири, но не станавме монаси во душата.
Обесивме крстови околу вратот, но не и во нашиот живот.
Постиме од храна, а го јадеме нашиот брат во секој миг.
Се молиме еднаш во денот, но непрестајно осудуваме.
Зборуваме за љубов, но ништо не простуваме.
Одиме во црква, но Христос останува надвор од нашето срце.

Христијанство без покајание е лага.
Христијанство без љубов е мртов труп.
Христијанство без крст е театар.
Научивме да навиваме за Православието, но се откажавме од Христос.
Станавме горделиви верници, сурови и судии на сите.
Изградивме ѕидини, наместо да издигаме жртвеници на љубовта во нашето срце.
Се гордееме за тоа што постиме, но нашата душа ја губи милоста.
Зборуваме за смирение, но нашиот живот е полн со славољубие, напади, споредби, злоба.
Се скривме зад формите, не за да се исцелиме, туку за да не се промениме.
Го направивме Христос дел од нашата програма, наместо да го воскреснеме во нашата душа.
Зборуваме за Бога со едно срце кое не е расположено да љуби.
Ги поучуваме другите, но не се интересираме за спасението на нашата душа.
Го креваме прстот, но не го креваме никогаш товарот на другиот, ниту чекориме во неговите чевли.
Ова е нездраво христијанство.
Темјан кој гори, но не благоуха.
А Христос чека.
Не вика. Не осудува.
Стои пред нашата врата.
И очекува едно покајание, еден молк, една вистинска солза, еден двиг на љубовта и вистината!
Православието не е идеологија. Тоа е распетие. Тоа е единство со Христос преку скрушеноста.
А Великата Четириесетница е време на вистината.
Таму каде што паѓаат маските.
Таму каде што човекот не се спасува со зборови, туку со неговиот живот.
Немој да бидеш нездрав христијанин.
Го нарекуваме Христа Распнат – да го распнеме и ние нашиот егоизам.
Доволно си игравме со Бога.
Дојде часот да го следиме во вистината!
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев
Православна светлина бр. 77