Дишење на душата

Spread the love

Loading

Преподобен Арсениј Бока

Свети Арсениј Бока од манастирот Прислоп е еден од шеснаесетте современи светители што неодамна беа канонизирани од Романската Православна Црква. Тој се упокои на 28 ноември 1989 година, а неговото локално прославување во Романија се изврши на 28 ноември 2025 година.

Еве неколку поуки на свети Арсениј за молитвата:

Кога ќе се разбудиш наутро, помисли дека Бог ти дарува ден што ти самиот никогаш не би можел да си го дадеш. Одвој го првиот час или барем четвртина час од денот што ти е подарен и принеси Му го на Бога како жртва на благодарност и усрдна молитва. Колку поревносно го правиш тоа, толку повеќе ќе го осветиш својот ден и толку посилно ќе се укрепиш против искушенијата со кои ќе се соочиш во текот на денот.

Оној што наутро Му се моли на Бога со должно внимание е посреќен и поспокоен во остатокот од денот. Умот во текот на целиот ден се занимава со она со што бил исполнет наутро — како воденички камен, кој потоа цел ден меле или пченица или плевел.

Молитвата е дишење на душата, а постот е вода што го гасне огнот на страстите.

Луѓето Му се молат на Бога да ги избави од неволјите, а Бог ги повикува луѓето да го остават гревот. Па сега самите пресудете: кој кого треба прв да го послуша — Бог луѓето или луѓето Бога?

Моли се и не плаши се од ништо. Не стравувај од неволјите и не ужасувај се од маките, зашто молитвата ќе ги оддалечи. Моли се онака како што умееш, само внимавај да се молиш непрестајно и ништо да не те вознемирува. Биди радосен и спокоен во духот, зашто молитвата ќе те направи мудар.

Превод од англиски јазик: Свештеник Јани Мулев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!