Како да ја симнеме молитвата во срцето?

Spread the love

Loading

Кога зборуваме за срдечната молитва, и другпат сум ви кажал што подразбираме под тоа.

Ја кажувате молитвата! Сите читаме книги во кои се зборува за молитвата: „Господи Исусе Христе, помилуј ме“, и во кои се вели дека малку по малку молитвата од умот ќе слезе во срцето.

И тогаш си велиш: „Како сега да ја спуштам во срцето?“ И почнуваш да бараш начини и решенија, дишења… Ѓаволот ни се потсмева.

Ќе почувствуваме нешто — понекогаш и сосема безначајно — и тогаш велиме дека молитвата сме ја спуштиле во срцето.

Бедни сме — и јас, и вие, и сите ние што размислуваме така!

„Срце“ значи да те заболи за другиот, да го прегрнеш — дури и својот непријател. Да те боли за него. И да се молиш за него!

Ете, и другпат сум ви кажал што вели свети Јован Кронштатски за една обична жена, блудница, која со болка во срцето се помолила и го воскреснала единственото дете на една вдовица.

Една блудница воскреснала дете.

Зошто?

Затоа што проговорило нејзиното срце. Срцето ѝ се кинело од болка!

Јеромонах Григориј: „Беседи“, VI том
Издание на Светиот исихастирион „Свети Јован Претеча“, Метаморфосис, Халкидики, 2025.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!