![]()
„Кога некој ќе ти каже дека си човек, и кога некој ќе ти каже дека не си…
Запомни дека и двајцата се во право.
Така те виделе. Тоа била страницата од тебе што ја отвориле.
Не дозволувај пофалбата да те направи надмен, ниту грубите зборови да те растажат.
Не дозволувај да се определуваш себеси според зборовите на другите —
без разлика дали се добри или лоши.
Остани цврст и земи го она што ти е потребно за да растеш.

Станувај сè повеќе свој, малку по малку, секој ден.
Ослободен од претставите на другите за тоа каков треба да бидеш.
Немаш никаква обврска да им угодуваш на другите.
Немаш никаква обврска да бидеш совршен.
Твоите уши ќе слушнат сè.
Твоите очи ќе видат сè.
Она што е важно е, кога навечер ќе се погледнеш во огледалото и ќе се запрашаш:
„Бев ли тоа навистина јас?“
Да можеш да одговориш: „Да, тоа бев јас“.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев