![]()
Таа покажува дека човекот е оддалечен од Бога. Зашто, кога Бог престојува во срцето на човекот, тогаш човекот се исполнува со внатрешна сила и храброст. Тој може да ги поднесе сите немоќи на ближните, не го губи својот мир и љубовта, дури и кога го навредуваат.
Напротив, човекот кој е лишен од благодатта и е оддалечен од Бога, нема внатрешна крепост. Тој не може да поднесе ни најмала блага забелешка. Не ја чувствува љубовта на луѓето и сè толкува погрешно. Секоја постапка на ближните, дури и кога е направена со добра намера, ја разбира во лоша смисла.

А ако навредливиот човек не ја чувствува добрината на ближните, тогаш уште помалку ги разбира нивните проблеми и тешкотии. Тој се чувствува само себеси: „Ми кажаа нешто непријатно, ме повредија, ме навредија“. И никогаш нема да помисли дека можеби другиот има болка во душата и токму затоа кажува непријатни зборови.
Игуманија Домника, настојателка на Ново-Тихвинскиот манастир
Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев