![]()
Протоереј Игор Фомин
Љубовта подразбира три својства: радост, благодарност и пожртвуваност. Отсуството на кое било од овие својства ја прави љубовта непотполна. Отсуството на кое било од овие својства ја прави љубовта — нељубов.
И ако велиме дека љубиме, а самите лежиме на каучот, додека саканата трча наоколу со правосмукалка — тоа не е љубов кон неа, туку љубов кон удобноста, кон себеси. Тогаш излегува дека ги љубиме другите луѓе не затоа што се образ и подобие Божјо, не затоа што за нив Господ ја пролеа Својата крв и ги откупи со скапа цена, туку затоа што во тој момент ни се погодни.

Љубовта подразбира жртвеност. Не жртвеност од паричникот, туку учество во животот на другиот човек. Што значи учество во животот на другиот човек? Тоа е подготвеност да жртвуваш часови што би можел да ги потрошиш на себе, на работа, на семејството. Тоа е подготвеност да седнеш и барем да го ислушаш човекот.
Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев