![]()
Преподобен Порфириј Капсокаливит
„Така треба да Го гледаме Христос. Он е наш пријател, Он е наш брат, Он е сè што е добро и убаво. Он е сè. Он е пријател и тоа го вика: ,Ве имам за пријатели, бре, не разбирате ли? Ние сме браќа. Јас, бре, не го држам пеколот во рака, не ве плашам, ве љубам. Сакам да се радувате заедно со Мене на животот‘“.

Таков е Христос. Он не е намуртеност, ниту меланхолија, ниту затвореност во себе. Христос е животот… Он е сè. Он е радоста, Он е вистинската Светлина, која го прави човекот да се радува, да лета, да гледа сè, да ги гледа сите, да страда за сите, да ги сака сите со себе, сите близу до себе.
„Возљубете Го Христос и ништо не претпочитајте пред Неговата љубов“.
Од книгата:
Преподобен старец Порфириј Кавсокаливит
Духовниот отец и педагог.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев