![]()
о. Константинос Стратигопулос
Ако утре некоја државна власт ја забрани Литургијата и каже: „Се гонат сите христијани, никој нема да оди на Литургија, Литургиите се забрануваат“, и ако постават војници надвор…
Свештеникот нека ја земе Светата Трпеза во својот џеб — како што велам — Антиминсот. Постои едно платно што се нарекува Антиминс, на латински anti mensa = наместо трпеза, кое е осветено и ја заменува Светата Трпеза.
Да знам дека утре наутро излегла наредба да не служам Литургија — ќе го земам Антиминсот, кој е така направен и сошиен, ќе го свиткам и ќе го ставам во моето мало џепче. И ќе одам во планините и ќе служам Литургија заедно со вас, ако имате смелост.

И ако дури ме стават во затвор и кажат: „Ти си луд, нема да служиш Литургија“, и ако ми го земат и Антиминсот, тогаш во затворот, ако сме затворени заедно, ќе ти речам: „Легни долу“. Ќе легнеш долу и ќе служам Литургија врз твоите гради, без Антиминс! Секој верник е икона Божја. А бидејќи е икона Божја, секој верник е една Света Трпеза!!!!
Ќе ставам врз твоите гради една пластична чаша, малку леб што ќе го најдам од храната на затворениците и каква било чинија, и ќе служам Литургија!!!! Ништо не нè запира, решени сме на сè!!!!
Или во планините, или во затворите — ништо не нè запира! Па тогаш, каква власт?
Како се служела Литургија во времињата на гонењата?
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев