![]()
Свети Григориј Богослов
„Нека го утеши здравиот – болниот, богатиот – сиромавиот, оној кој стои – паднатиот, радосниот – тажниот, среќниот – несреќниот.
Дај Му нешто на Бога како благодарствен дар, затоа што си еден од оние што можат да прават добро, а не од оние што имаат потреба да им се прави добро; затоа што не очекуваш ти помош од рацете на други, туку од твоите раце други очекуваат помош.

Обогати се не само со имот, туку и со побожност; не само со злато, туку и со добродетел – или подобро, само со добродетел.
Стани почестен од ближниот преку покажување поголема добрина.
Стани бог за несреќниот, подражавајќи ја милоста Божја“.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев