![]()
Кога Неговата Сесветост Патријархот Илија II бил запрашан што направил посебно за грузискиот народ, кое е најважното нешто што ги научил, неговиот одговор бил изненадувачки едноставен и длабок.
Рекол: „Не сум направил ништо големо или посебно за мојот народ. Ги научив само едно нешто – да се благословуваат еден со друг. Дека децата треба да ги благословуваат своите родители, а родителите – своите деца.

Дека сопругот треба да ја благословува својата сопруга, а сопругата – својот сопруг. Дека дедовците и бабите треба да ги благословуваат своите внуци, а внуците – своите предци“.
И можеби оваа едноставна вистина содржи сè. Зашто народ што живее со благослов, живее под заштитата Божја.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев