Моето искуство ме научи дека, вистинит човек е само смирениот човек.
Смирениот не ги превидува своите таленти и способности, но ги смета како дарови Божји, и за кои е повикан да ги развие.
Тоа значи дека може да ги препознае и даровите на другите и да се радува за нив.
Човекот егоист е еден слеп човек, затоа ниту себеси се разбира, ниту другите ги разбира.
Човекот егоист е неспособен да се заљуби и да љуби, затоа постои голема криза во меѓучовечките односи.
Човекот егоист не ги сака ниту своите деца, затоа и ги прави несреќни.
Кога знаењето се гради врз смирението, тогаш човекот великотвори (прави големи дела), а кога гради вез егоизмот, тогаш злотвори (први зли дела).
+Павле, митрополит Сисаниски
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев