(анегдота)
Редица во пеколот. Кај ѓаволот доаѓа еден маж.
– Ајде, пофалете се, зошто сте овде? – прашува ѓаволот.
– Поима немам. Практично, јас сум безгрешен!
– Пиевте?
– Само на празници.
– Крадевте?
– Не, па како е тоа можно?
– Можеби… вршевте прељуба?
– Генерално, јас сум верник, сите заповеди ги почитував, и не сфаќам зошто сум тука.
Ѓаволот ги крева рамењата.
Одеднаш мажот презриво се насмевна.
– А кај вас, изгледа, котлите неправилно се поставени. И температурата е повисока од дозволеното. Знам, сум читал за тоа. И што е со вашиот десен рог, зошто тој е затупавен? Безобразлук. Вие не сте како и сите други.
А на ѓаволот од радост му заигра опашката.
– Мислам дека сфатив. Вие сте интернет-трол? Пишувавте гнасотии по форумите, без да ве прашаат, ги учевте другите како да живеат?
– Па сите луѓе се глупави, јас им ги отворав очите.
– Се разбира. Вие сте на вистинското место. За вас е подготвено најстрашното место во пеколот. Вие постојано ќе седите на интернет. Но во самотија. Самите на себе ќе си коментирате и ќе се учите како да живеете. Примете го моето сочувство… Следниот!