ДА ДОБИЕШ ЏЕК ПОТ: ТАЈНАТА ИСТОРИЈА НА PUSSY RIOT

Loading

Појавата на бунтовничките од „Пуси Рајот“ среде Литургија,  особено заради нивниот богохулнички однос и повреда на верските чувства, предизвика скандал и осуда од страна на Црквата, додека, пак, од друга страна, со тој скандал во храмот нивното име стана популарно како никогаш во нивната кариера. Добија поддршка од многу институции и од светски познати личности. И во Македонија тие добија свои приврзаници од страна на една група млади луѓе од Скопје, кои „загрижени“ за човековите права и за „строгиот“ однос од страна на Црквата, излегоа пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, со цел, преку исмевање на Светата Црква и на Православната вера, да им дадат поддршка на овие руски бунтовнички. Во исто време, додека во Русија се случуваше ова, во Сирија, Египет и во други мислимански земји јавно се линчуваа и убиваа христијаните (чијшто грев беше единствено верата во Троединиот Бог) и овие „загрижени“ поддржувачи од Скопје не најдоа ни време, ни желба, ни доблест да покажат дека навистина објективно се борат за човекови права, и да излезат пред исламските верски објекти, и на нивен начин да покажат протест и поддршка за невино погубените христијани. Со тоа покажаа дека единствена желба им е да хулат по Светата Црква и по сите оние, за кои ќе добијат задача. А за квалитетот, односно неквалитетот и културната импотентност на оние, кои добија поддршка и во Скопје, ќе прочитате во текстот кој следи.

Светот ги засака. Pussy Riot (Пуси Рајот или скратено PR) добија реклама како за суперѕвезди. Но, што се тие? Да се ​​рок или панк група – не се. Еден британски новинар неодамна се запраша: тие не произведуваат музика, не произведуваат песни, ниту слики – ништо, ама баш ништо. Како тогаш ги опишуваат како „уметници“? Тоа беше суров тест за нивните поддржувачи, но тие го поминаа блескаво – американскиот Стејт департмент, овој познат познавач на уметноста, плати за првиот нивни и единствен сингл, продуциран од The ​​Guardian и се состои од некакви слики и звуци.

Во принцип можеме да го проголтаме навредливото однесување и хулите на Бога; на пример, јас многу ја сакам „Богородица на цвеќето“ на Жан Жане – книга во која ги наоѓам и едното и другото. Но PR никогаш не напишале, компонирале или нацртале нешто вредно. Крис Рандолф ги бранеше во The Counterpunch, ги споредуваат со „скандалозниот Игор Летов“ , што е погрешна споредба! Летов пишува поезија, полна со грубост, но сепак, поезија, додека PR немаат ништо освен… PR, односи со јавноста.

Занесени од темата „публицитет“, но уметнички непотковани, три млади Русинки одлучиле… Да, звучи како почеток на виц. Тие украдоа замрзнато пилешко од супермаркет и го користеа како вештачки машки полов орган врз себе, ги снимаа своите постапки, нарекувајќи ги „уметност“ и ги пуштија на интернет (видеото сè уште  е таму). Другите  уметнички достигнувања им  беа оргии  во музеј и груба слика на  машки полов орган во ерекција.

Дури и во овие сомнителни уметнички дела нивната улога беше на технички персонал, а целата слава отиде кај рускиот Евреин и уметник Плуцер-Сарно од Мевасерет-Цион, автор на идеите, дизајнот и авторските права, кој дури за својата уметност доби голема награда во Русија. Идните членки на PR не добија ништо, а самиот Плуцер ги опиша како „провинцијалки“ дури и полошо.

Од неодамна тие се обидуваа да се вклучат во политичката борба. И таму претрпеа неуспех. Искажаа несовесни глупости на адреса на Путин – на Црвениот плоштад, по станиците на метрото, но без ефект. Не беа уапсени, не беа казнети, едноставно ги протераа како досадни муви. И така не успеаја да го привлечат вниманието на народот. Овде е важно да се напомене дека Путин е заколнат непријател на руските олигарси, сопствениците на главните руски медиуми кои обезбедуваат егзистенција на московската образована елита. Од таа причина во печатот секојдневно се печатат многу напади на адреса на Путин, но таквите напади веќе го изгубиле својството да шокираат. Едноставно не можеа да измислат нова навреда на негова адреса – сè е веќе кажано и објавено. А Путин во пракса не се меша во слободата на печатот.

Моите пријатели новинари од странство обично се воодушевуваат од едногласноста  и жестината на анти-Путиновата кампања на руските медиуми. Тоа може да биде споредено со нападите против Џорџ Буш во либералниот печат во САД, но во САД имаше многу конзервативни изданија кои го поддржуваа Буш. Путин практично нема никаква поддршка во мејнстрим-медиумите, бидејќи сите тие се сопственост на медиумски босови. Телевизијата е некаков исклучок, но таа е нагласено аполитична и емитува главно ниско-квалитетни забавни емисии, кои, меѓу другото, се водат исто од анти-Путински настроени активисти како Ксенија Скобчак. И така, Pussy Riot фундаментално пропаднаа во обидите да го разбудат ѕверот.

Еве како во еден момент младите Амазонки беа мобилизирани да ја нападнат Црквата. Во тоа време тие веќе беа подготвени на сè, поради своите пет минути слава. Антицрковната кампања започна пред неколку месеци – доста ненадејно и како по команда. Руската црква 20 години живееше во мир, закрепнувајќи од комунистичкиот период  и беше изненадена од жестокиот напад.

Иако темата заслужува подолги објаснувања, ќе бидам краток. По распадот на СССР, Црквата остана единствената значајна духовна сила со порака за социјална солидарност во животот на Русите. Администрациите на Елцин и Путин беа токму такви материјалисти, какви што беа и комунистите. Тие проповедаа и практикуваат социјален дарвинизам во неговата нео-либерална форма. Црквата предлагаше нешто отаде привремените земни богатства. Русите, кои веќе ја изгубиле врската со социјалната солидарност, дотогаш обезбедувана од комунистите, вдахновени се свртија кон алтернативата на Црквата.

Владата и олигарсите се однесуваа со Црквата добро, зашто во неа имаше силeн анти-комунистички тренд, а богатите сè уште се плашеа црвените да не ги поведат повторно сиромашните. Црквата беше просперитетна, беа изградени многу нови и убави храмови, многу манастири беа обновени по децении на разор. Новата силна Црква станува обединувачка сила во Русија.

Со зголемувањето на нејзиното влијание, Црквата почна да ги штити сиромашните од нивната неповолна положба, а реформираните комунисти во лицето на Генадиј Зјуганов најдоа начин да заговараат против верниците. Познатиот економист и мислител Михаил Хазин дури предвиде дека иднината ì припаѓа на една нова парадигма на „Црвеното христијанство“ – нешто во контекст на раните дела на Роже Гароди. „Таков проект би бил закана за елитата и надеж за светот“, – напиша тој. Во меѓувреме, Црквата заземаше нагласено про-руска и анти-глобалистичка позиција.

Нападот беше повеќе од извесен, беше само прашање на време кога светските анти-христијански сили ќе настапат и ќе ја нападнат Руската црква – како што порано ја беа нападнале Западната. Откако Русија влезе во Светската трговска организација и ги усвои западните вредности, мораше да ја усвои и секуларизацијата. И навистина, Руската црква беше напаѓана од сили кои не сакаат Русија да биде единствена – олигарсите, крупниот бизнис, медиумските босови, про-западната Московска интелигенција и западните интереси, кои природно сакаат Русија да остане поделена против себе.

Офанзивата против Црквата започна со нешто мало, медиумите се насочија кон скапиот часовник на патријархот, подарен од тогашниот претседател Медведев. Антирелигиозно расположение се лееше во изобилство меѓу либералната опозиција, која тогаш организираше предизборни протести против Путин и имаше трескавична потреба од уште „коњи за тепање“. Водечкиот анти-Путински активист Виктор Шендерович тогаш изјави дека би покажал разбирање, ако руските православни свештеници бидат заклани како во 1920 година. Друга значајна фигура на либералниот протест, Игор Ејдман, извика: „истребете  ја  заразата!“ (Руската црква)  во најгруба биолошка смисла.

Наводниот организатор на Pussy Riot, Марат Гелман, руски Евреин и колекционер на уметнички дела, е поврзан со други анти-христијански арт-настапи, вклучувајќи кршење на икони и користење на модели на храмови како алатка за клизма. Неговиот и на PR  проблем беше тоа, што се покажа тешко да се испровоцира реакција од страна на Црквата. Pussy Riot направија два обида да предизвикаат јавен скандал во втората по големина Московска црква, и двапати беа протерани, но не беа уапсени. Третиот пат се погрижија повеќе – влегоа во храмот „Христос Спасителот“ (уништен од Лазар Каганович во 1930 и обновен во 1990 година), додадоа кон спроведувањето уште богохулства и  навреди од најгнасен вид – но повторно беа оставени да си одат во мир. Полицијата направи сè што е можно да не се дојде до апсење на Амазонките, но конечно немаа избор, откако PR го прикачија видеото со претставата во храмот на интернет заедно со навредливата песна.

За време на процесот адвокатите и обвинетите направија сè што е можно за да направат скандал пред судот, се закануваа со гневот на САД и постојано се втурнуваа со груб и навредлив анти-христијански говор, исполнет со омраза. Судијата немаше друг избор освен да ги прогласи обвинетите за виновни за кривично дело поврзано со омраза (хулиганство со верска омраза како мотив). Обвинителството не покрена посериозни обвиненија по оваа пресуда (на пример, „намера да се предизвикаат религиозни тензии“), иако најверојатно можеше да се аргументира и такво обвинение. На оваа пресуда  можеше да се побараат и посериозни казни – цртачите на свастики на ѕидовите, на пример, обвинети за вакво дело, може да  добијат и пет години затвор.

Двегодишната казна е целосно во согласност со доминантната европска практика во оваа област. За многу помека анти-еврејска реторика во европските земји обично се доделуваат од две до пет години затвор при првото прекршување. Русите ги применија законите против криминал, поврзан со омраза против христијанската вера – и тоа можеби е нивна „иновација“. Русите докажаа дека им е гајле за Христос не помалку отколку што на Французите им е гајле за Аушвиц и тоа ги шокираше Европејците, кои веројатно  дотогаш сметаа дека законите за заштита од омраза се применливи само за навреди кон Евреите и хомосексуалците. Западните влади повикаа на повеќе слобода за руските анти-христијани, во исто време негирајќи ваква слобода на негирачите на холокаустот во своите земји.

Анти-Путинската опозиција брзо се мобилизира за да ги поддржи Pussy Riot. Радикалниот харизматичен опозициски лидер, поетот Едвард Лимонов сепак пишува дека опозицијата  згреши, зашто ги поддржала PR, бидејќи овие девојки ги антагонизираа масите – и така јазот меѓу „масите“ и опозицијата ќе се продлабочи. Гласот му беше сепак плач во пустина, додека останатиот дел од опозицијата радосно ја прегрна PR-каузата, обидувајќи се да ја претвори во орудие против Путин. Статија на Guardian го повика Путин да поднесе оставка. Путин, пак, од своја страна побара милост кон Pussy Riot. Правосудството е длабоко збунето од целата работа. Но не им оставија избор – невидливите организатори, кои  стојат зад Pussy Riot, сакаа девојчињата да бидат во  затвор – и успеаја.

Од финансиска гледна точка, им падна џекпот. Со поддршка на Мадона и на Стејт департментот на САД, девојките се подготвени да тргнат директно од затвор на светска турнеја и фотосесија во Белата куќа. Го регистрираа името како трговска марка и почнаа да продаваат лиценци за негова употреба. Нивната конкуренцијата, групата Фемен (чија уметност се состои во тоа да си ги покажат градите на невообичаени места) се обиде да ги надмине Pussy Riot, отсекувајќи огромен дрвен крст, подигнат во сеќавање на жртвите на Сталин. Веќе само небото е граница.

Во август, во  сезона на одмори, кога нема кој знае какви важни вести и читателите на весници се по летувалишта и планини, процесот против Pussy Riot ја обезбеди така потребната  забава за мало и големо. Можеби темата ќе отпадне сама од  себе  со крајот на оваа сезона на глупости. Но не се потпирајте премногу на тоа.

Израел Шамир, дописник на The Counterpunch

 

Превод: Благоја Трајкоски, дипл. Теолог

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *