
Што е тоа петолебие
Во текот на Великиот пост, во петоците кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица, верниците носат петолебие (пет лепчиња), вино, масло и пченица за благослов на семејството, градот и државата. Светите отци за Петолебието велат: „Овој, пак, благословен леб има разни дарови, ја прекинува температурата, кога се прима со вода, ја прогонува секоја ужасна слабост,…