Страдањето на новиот свештеномаченик Теофан Соликамски

Loading

(1867-1918)

Судбината на манастирот на свети Јован, во периодот на револуцијата, беше иста со несреќата што ги зафати сите институции на побожноста. Манастирот беше претресуван повеќе пати, директно ограбуван и претрпе разни видови на случајни напади, како и лишувања. Сето ова беше извршено не од локалните жители, туку од страна на неодговорните претставници и полкови на воените револуционери. Во летото 1917 година, среде гласните извици за „војна до славен крај“, бедните слогани на Киренски почнаа да стигнуваат од Петерсбург во Чердин. „Спас за револуцијата“ се разнесуваше насекаде, но тие заборавија на војната и на света Русија.

Помеѓу останатите револуционерни слогани, најгласни беа „Долу капиталистите со казна“ и „Спас за револуцијата“, меѓутоа, во секојдневието се случуваше токму спротивното. Каде и да се појавеа комунистите, веднаш се случуваа погубувања без судење. А со погубувањата, се случуваа убиства, навреди, а уште подеградирачки беа измачувањата, кои веќе одамна беа заборавени од културните народи. Луѓето умираа на разни начини. Меѓутоа, не беа малкумина оние, кои одеа во вечноста со таква сурова смрт, со каква што пострада епископот Теофан од Соликамск, епископот кој не ñ даде благослов на игуманијата Руфина да оди во Тоболск за да се види со Царицата. Во овој случај комунистите покажаа посебен вид на садизам, којшто дури ни за нив самите не беше од полза, бидејќи погубувањето на епископот беше извршено пред очите на многу сведоци.

Комунистите го влечеа епископот Теофан по брегот на веќе замрзнатата река Кама, на 11 декември, 1917 година. Таму тие почнаа да ја кинат облеката на нивната жртва, додека други почнаа да ја плетат косата на епископот во мали плетенки, со цел да ги заврзат во сноп, и низ него да протнат шипка и на овој начин да ја кренат нивната жртва во воздух. А ова е „XX век!!! За неколку минути епископот, со неговите раце и нозе врзани со јажиња, беше спремен за измачување од страна на скотоподобните безбожници. Мачителите направија дупка во мразот и на двете страни од дупката ставија клупи. На секоја од клупите стоеја по двајца комунистички „оператори“, држејќи ги краевите на шипката која поминуваше низ заврзаната коса на епископот Теофан. Полека, мачителите почнаа да го потопуваат епископот во замрзнатата вода и потоа пак го подигнуваа за половина минута. Тие повторно го спуштија во ледената Кама. По дваесет минути, откако ги заменија извршителите, тие си ги задоволија нивните демонски желби. Телото на епископот Теофан беше покриено со мраз со дебелина од 2 инчи, но маченикот остана жив. Толпата од очевидци, меѓу кои беа и многумина приврзаници на маченикот епископ, го видоа овој ужас со свои очи (една од нив ја преживеа дури и Втората Светска Војна и сè до нејзината смрт, во 1974, живееше во Калифорнија). Свети Новомаченику Теофане моли Го Бога за нас.

 

Извадок од Житието на игуманијата Руфина, напишано од игуманијата Аријадна.

Превод од англиски јазик: ѓакон Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *