Свети Атанасиј Велики, архиеп. Александриски (295-373)

Фреска од свети Атанасиј, од храмот на Света Петка во Велес, дело на зографињата Малка Конеска.

Loading

Фреска од свети Атанасиј, од храмот на Света Петка во Велес, дело на зографињата Малка Конеска.

Свети Атанасиј Велики, архиепископот Александриски е толку познат, што едвај треба да се каже некој збор за него и неговата црковна, архипастирска и богословска работа. Роден е во Александрија околу 295 год. каде стекнал одлично философско и теолошко образование. Од рана младост бил во Црквата: како дете ги крштевал незнабожечките деца во морето, и тоа го признал неговиот епископ Александар (313-328 год.); потоа бил ученик на свети Антониј Велики, па чтец, и од 318 год. ѓакон на епископот Александар Александриски, и со него учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја 325 год., каде што го посрамил еретикот Ариј, што Аријаните не му го заборавиле кога во 328 год. станал епископ, па 5 пати е прогонуван од својот престол, но не попуштал во борбата со еретиците и ересите, сè до своето преставување 373 год., на 2 мај, кога и се слави неговиот свет спомен (и на 18 јануари, со свети Кирил). И на престолот на светиот апостол Марко, и во прогонство на Исток и на Запад, ја ширеше славата на Православието, особено во подвизите за црковната вера и едносуштност (омоусион) на Синот Божји со Отецот. Се прославил со архиерејството и богословието, како и со девствениот подвиг на монашкиот рамноангелски живот. Учествувал на повеќе Собори, а особено му е значаен Соборот во Александрија 362 год. кога ги помирил Источните и Западните православни поборници на Вистинската вера во Синот Божји и во Света Троица. Напишал многу скапоцени дела, апологетски, догматско-полемички, историскп-полемички, егзегетски, аскетски и Писма (пасхални и празнични посланија). Во каноните на Православната Црква земени се три Посланија: до Амон монахот 356 год. (1 канон), 39 Празнично Послание 367 год. (2 канон) и до Руфинијан епископот, по 362 год. (3 канон).

 

I. Апологетски дела:

1. „Слово против јазичниците“;

2. „Слово за воплотувањето на Бог Словото“

 

II. Догматско-полемички:

1. „Четири слова против аријаните“

2. За јавувањето во плот на Бог Словото и против аријаните“

3. „За Света Троица и за Светиот Дух“

4. „За боговоплотувањето против Аполинариј“

5. „Изложување на верата“

6. „Пространо слово за верата“

7. „Објаснување на зборовите: Сè ми е предадено од Мојот Отец (Мат. 11, 27)“

8. „Четири посланија до Тмуитскиот еп. Серапион“

9. „Посл. до Коринтскиот еп. Епиктет, против еретиците“

10. Послание до еп. и исповедник Аделфиј, против аријаните“

11. Послание до Максим Философ“

 

III. Историско-полемички дела:

1. „Апологија против аријаните“

2. „Апологија до императорот Констанциј“

3. „Апологија за бегството при нападите на Сиријан“

4. „Послание до монасите или историја на аријаните“

5. „Послание за одлуките на Никејскиот собор“

6. „Послание за мислењата на Дионисиј, еп. Александриски“

7. „Послание за соборите во Аримина во Италија и Селевкија во Исаврија“

8. „Послание до еп. Руфинијан“

9. „Свиток до антиохијците“

10. „Окружно послание до епископите на Египет и Либија против аријаните“

 

IV. Егзегетски дела:

1. „Толкување на псалмите“

2. „Толкување на Книгата на Јов“

3. „Толкување на Песна на песните“

4. „Толкување на евангелието според Матеј“

5. „Толкување на евангелието според Лука“

6. Толкување на првото послание на св. ап. Павле до Коринтјаните“

 

V. Аскетски дела:

1. „Житие на преподобниот отец наш Антониј“

2. „Послание до Драконтиј“

3. „Послание до монахот Амун“

4. „За девството“

 

VI. Пасхални (празнични писма  посланија:

Познати се околу 39 посланија, дел од нив се зачувани само како фрагменти. Под негово име е познат и еден Символ на верата, за кој патролозите сметаат дека потекнува од 5 век.

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *