Суштина на родителското служење – Игумен Евмениј

Loading


Најважна и најспецифична улога во родителското дејствување е сакањето и воспитувањето на своите деца, да се однегува во нив живата вера во Бога, увидувањето на својата вредност во очите Божји, и чувствувањето сигурност во тоа дека со Него во овој живот е можно сè (Марко 9, 23). Ако во своите деца однегувате самостојност и одговорност, ако ги воспитувате со увидување на можностите и перспективите кои се отвораат во нивниот живот, вие ја вршите својата родителска должност во највисоката смисла на тој збор. Ако, пак, ги обезбедувате материјално своите деца, но ги учите да бидат зависни од вас лично, од вашата родителска поддршка, вие ја запоставувате својата главна родителска задача.

Просечниот возрасен човек веројатно 50 години од својот живот го практикува она што било втемелено во текот на првите пет години од животот. Човекот кој пораснал без љубов најверојатно ќе ја бара во текот на целиот свој возрасен живот, наместо да го реализира потенцијалот што во него го втемелил Бог. Најчудесното нешто што можат да го сторат родителите е, подражавајќи во семејството клима во која детето се чувствува потполно сакано од страна на нему најблиските луѓе во својот живот, да му дадат на детето онаква мерка на љубов и емоционална поддршка, која ќе му биде доволна за тоа потоа да расте и самостојно да се развива.

Растејќи, детето се развива во здрава личност директно пропорционално на квантитетот и квалитетот на љубовта која ја добива. Исто онака како што на растението му се потребни сончева светлина и влага, така и на детето му се потребни љубов и грижа.

Родителите им го посакуваат најдоброто на своите деца. Тие сакаат да ги растат и да бидат среќни и здрави. Зошто тогаш толку многу деца пораснуваат, чувствувајќи се недоволно сакани? Бидејќи токму од „недоволно сакани“ деца израснуваат оние кои потоа си „додаваат љубов“ преку алкохол или дроги.

Од книгата на Игуменот Евмениј, „Аномалии на родителската љубов“.

Превод: Ѓакон Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *