Кога слушаш и знаеш, дека Исус Христос воскреснал гол – престани безумно да трошиш околу погребот! Всушност, што значат тие излишни и неполезни трошоци околу покојникот? За ужалените – тие се голема загуба, а за мртовецот – никаква полза: ако пак ја кажеме вистината – тие се штетни. Раскошните погреби не веднаш постанале причина за ограбување на гробот и покојникот – за ова сме биле и сведоци: погребениот со сета препотентност и суета да лежи по тоа и гол, и без погреб. Каква голема власт ти откриваш и во најголемата тага и силен плач?! До какво безумство доведуваш ти мнозина?! Некои, за да го спречат ограбувањето, ги раскинуваат скапите погребални облеки и ги натопуваат со секакви аромати, та да не можат да се ползуваат од крадците, а да изгнијат во земјата. И тоа, не ли е безумие? Не ли е тоа побркување на умот – да пројавиш великолепие и истовремено да го уништиш? Ќе ми возвратат, дека тоа се прави, за да остане сè во безопасност над мртовецот. Добро – но, ако не ги земат разбојници, нема ли да ги изедат молци и црви? Ова ви го зборувам, не да го изменам или уништам обичајот околу погребите – со таква цел не ве поучувам, туку за да го избегнеме штетниот раскош и излишната суета околу покојниците!
Ако вие сакате да укажувате соблазни кон блиски и жртви кон мртовци – јас ќе ви посочам друг начин на погреб и ќе ве поучам да ги облекувате мртовците со такви облеки, кои ќе воскреснат заедно со нив и ќе ги претстават во блескава состојба. Тие облеки ни молци ги јадат, ни времето ги разрушува, ни крадци ги крадат – тоа е одеждата на милостината! Тие облеки воскреснуваат со покојниците, зашто печатот на милостината останува неразрушлив над нив. Со тие облеки ќе блескаат сите мртовци во оној ден, кога ќе слушнат: вие Ме нахранивте, кога бев гладен! Таквите облеки ги прават покојниците славни, знаменити и безопасни, а не трулежните одежди – последните не се ништо друго, освен храна за молците и трпеза за црвите. Ова го зборувам, не за да забранам секакви грижи околу умрените, но за да предизвикам умереност околу погребите: да го покриеме телото скромно и да не го предадеме на земјата голо. Ако живите се должни да немаат ништо излишно на себеси, освен прилично облекло, дотолку повеќе, тоа се однесува за умрените, оти мртвото тело нема потреба од никаква облека, како живото и она што дише. Додека сме живи, ние имаме потреба од облека врз основа на климатските услови, и поради пристојност – кога ќе умреме тие потреби не нè засегаат: освен пак, поради пристојност, за да не лежи телото голо – да се покрие со погребни покривки. Најубавите погребни облеки – тоа е ископаната земја: покривка прекрасна и најпристојна за нашето тело!

Ќе ми се каже, дека некои ќе се насмејат над таквиот погреб. Меѓутоа, на ова, не треба да се обрнува внимание; зашто, ќе биде дело на совршено глупави луѓе. Напротив, мнозина ќе ја фалат вашата скромност и ќе се восхитуваат на вашето љубомудрие. И ти, ако сега, при толку потреби не бива да се претендира за ништо излишно – дотолку повеќе е неумесна суетноста тогаш, кога, воопшто, недостигаат секакви потреби околу човекот. Најпрекрасниот погреб за покојникот е, да му го украсиме неговиот спомен со милостина и со ова, да го направиме наследник на Христа.