Параман (знак на ангелскиот образ, на нетление и чистота и на земениот благ јарем Христов);

крст околу вратот (знак на страдањето, понижувањето, плукањето и на сè она што Господ го претрпе за нас);
подрасник (облека на веселие и духовна радост, за отфрлање на сè плотско, и постојано радување во Христа);
кожен ремен (за умртвување на страстите на телото и за обновување на духот, за бодрост и внимателност, за запазување на Божјите заповеди);
расо (риза на спасението и оклоп на правдата за да се оттргне од секоја неправда, и да биде мртов за секое зло дело, но жив за добри дела);
камилавка (шлем на спасението и непосрамена надеж за да може да им се спротивстави на сите ѓаволски лукавства);
пана (покривало на смирението и постојано послушание, за да ги одврати своите очи да не гледаат суета);
сандали (за благовестење на мирот, за да биде брз и трудољубив во секое послушание и добро дело, а бавен во исполнување на својата волја);
бројаница (меч духовен, којшто е зборот Божји и непрестајната молитва Исусова: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“);
крст (штит на верата, за со него да ги гасне распалените стрели на лукавиот);
запалена свеќа (за со својот чист и добродетелен живот да биде светлина на светот).