За односот и проповедта помеѓу инославните според свети Силуан Атонски

Свети Силуан Атонски

Loading

Не можеме да не одбележиме една извонредна карактеристика во карактерот на старецот, имено – неговиот однос кон секој човек што размислува поинаку од него. Најискрено и длабоко тој сака да го разбере секој таков човек на најдобар начин и да не го ожалости она, што е свето за него. Секогаш остануваше верен на себеси; беше целосно убеден, дека „спасението е во Христовото смирение“ и заради тоа смирение сакаше секого да го разбере на најдобар начин; го доловуваше секое движење на човековата душа, особено способноста да се љуби Христос.

Свети Силуан Атонски
Свети Силуан Атонски

Се сеќаваме на разговорот на старецот со еден архимандрит, мисионер помеѓу неправославните. Тој архимандрит многу го почитуваше старецот и за време на неговите посети на Света Гора честопати доаѓаше да разговара. Старецот го праша како проповеда. Архимандритот сè уште млад и неопитен, движејќи со рацете и со целото тело, возбудено одговори:

  • Јас им велам: вашата вера е блудство; кај вас сè е изопачено, сè е невистина и доколку не се покаете, нема спасение за вас.

Старецот откако го ислуша го праша:

  • Кажи, отче архимандрит, веруваат ли тие во Господ Исус Христос, дека Тој е вистинскиот Бог?
  • Во тоа веруваат.

  • А, ја почитуваат ли Божјата мајка?

  • Ја почитуваат, но погрешно учат за неа.

  • Светителите ги почитуваат?

  • Да, ги почитуваат, но нели се отпаднати од Црквата, какви светители може да имат?
  • Извршуваат ли богослужби во храмот, го читаат ли Словото Божјо?
  • Да, и цркви, и служби имаат, но ако можете да видите, какви им се службите, какво бездушие во споредба со нашите.
  • Видете, отче архимандрит, душата им знае, дека постапуваат добро, дека веруваат во Господ Исус Христос, дека ја почитуваат Божјата Мајка и светителите, дека ги повикуваат во молитвите, затоа, кога им зборувате, дека нивната вера е блудство, тие нема да ве послушаат… Но доколку им велите на луѓето, дека прават добро, како веруваат во Бог; прават добро, почитувајќи ја Божјата Мајка и светителите; прават добро, одејќи на богослужение во храмовите и кога се молат во своите домови и читајќи го Словото Божјо и сл., но, во нештата во кои допуштаат грешка, таа треба да се поправи, тогаш сè ќе биде во ред; и Господ ќе се радува за нив; и така сите ќе се спасиме по Божјата милост… Бог е љубов, затоа и проповедта секогаш треба да извира од љубов; тогаш ќе има полза и тој, што проповеда, и тој, што слуша; а доколку противречите, луѓето нема да ве слушаат и нема да има полза„

Превод од бугарски јазик:

Звонко Алексов, студент на Теологија

Изворник:

Архим. Софроний (Сахаров) –

“Свети Силуан Атонски”, стр. 79-80;

Омофор, София, 2008

Православна светлина бр. 27

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *