Причестување во текот на целата Светла седмица не се дозволува во сите храмови, со образложение, „затоа што веќе никој не пости“. На прашањето, дали може да се причестуваме во деновите од Светлата седмица, одговара митрополитот Иларион Алфеев.
– Јас сметам дека свештениците, кои не им дозволуваат на верниците да се причестуваат на Пасха, си дозволуваат многу голема грешка. Зошто? Затоа што Литургијата се служи токму затоа, за луѓето да се причестуваат.
Во Великиот пост во работните денови – понеделник, вторник и четврток – не се служи литургија. И тоа отсуство на можност за причестување е знак на покајание и пост. А тој факт, дека уставот пропишува служење на Литургија секој ден во Светлата седмица, означува дека луѓето се повикани секој ден да се причестуваат.
Зошто се тие должни да постат во Пасхалната седмица? Затоа што, како што вели Христос, „може ли сватовите да тагуваат, додека е со нив младоженецот?“
Пасха – тоа е најглавен празник на христијанската црква. Сиот Велигденски пост е подготовка за Пасха. Како е можно да се бара од човекот, да пости дури и во Светлата седмица, доколку сака да се причести!?
Превод од руски јазик:
Свештеник Јани Мулев
Изворник:
Митрополит Иларион о причащении на светлой седмице (+ Видео)