Еве како ќе знаеш дали си жртва на неправда, на другите луѓе, на зависта, на околностите или на било што друго. Ако си вистинска жртва ќе имаш радост, голема и непоматена радост и мир во себе. Ако се гушиш во „неправдата“ која луѓето и животот ти ја нанесуваат, запамти добро, ти си жртва, но жртва на својот карактер, на својата суета, на себељубието и саможивоста.
Вистинската жртва не се чувствува како жртва, не чувствува дека таа е онаа која трпи неправда. Жртвата на својот карактер и егоизам секогаш чувствува болка, неа секогаш нешто ја повредува. Повредливоста е параметар на големото „его“.
Да престанеме себеси да се заробуваме со себеизмамата дека ние страдаме праведно пред Бога!
Умислените жртви никогаш нема да имаат радост во животот!
Старец Гервасиј Агиорит