Со пост и молитва (2013)

Loading

…Во животот секој човек доаѓа во ситуација кога му доаѓа однатре потреба да се моли, но оние кои не се навикнале навреме да се молат, кои не се научиле уште во младоста да се молат, не знаат како да почнат, па затоа често прибегнуваат кон бесмислени ритуали, или пак одат кај демонизираните бајачи и гатачи, очекувајќи од нив инстант решение за проблемите.

Добро е и на Бога угодно кога секој човек има свој духовник – свештеник кому му верува, пред кого ја отвора својата душа, и со кого се консултира за сите значајни прашања од животот. Секој треба да си има свој духовник и со негова помош да се научи да пости и да се моли, а со тоа од Бога ќе добиеме благодатна помош, но и самите на себе ќе си ги олесниме сите тешкотии кои ќе ни дојдат во животот.

Во овој зборник од текстови за постот и молитвата се објаснети многу теми и прашања кои ги засегаат сите оние кои постат и се молат, и кои сакаат да научат како правилно да постат и да се молат, па затоа верувам дека секој од нас во неа ќе најде одговор на своите дилеми, и со Божја помош и совет од духовникот, ќе започне со овој благословен подвижнички живот. Сметајќи ја оваа книга за темел на православниот духовен живот, ви ја препорачувам од длабочината на моето срце.

Бог да ве благослови сите вас, кои се трудите и растете во овие свештени и богоугодни подвизи…

Преводот од руски и грчки го направи ѓаконот Јани Мулев.

Не кради, сподели:

One thought on “Со пост и молитва (2013)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *