Кражба на моштите на св. Козма и Дамјан од манастирот Сопоќани

Loading

kozma i damjan arapski

Уште едно големо чудо кое ни укажува на будното око на Божјата промисла е крадењето на моштите на Светите Лекари од нашиот манастир на 25/12 октомври 2003 година. Тројца бугари беа примени од страна на дежурниот јеромонах. Воведувајќи ги во црква свештеникот, по вообичаеното претставување на историјата на манастирот ги послужил гостите кои како и сите верници купиле свеќи и по некоја икона. И додека брачниот пар го муабетеле отецот со прашања, третиот ги извлекол моштите од кивотот. Не сомневајќи се воопшто и најљубезно испраќајќи ги гостите до автомобилот, отецот се вратил да ги целива моштите и да заклучи црквата, и тогаш забележал дека ги нема. Веднаш ги известил останатите браќа и веќе по неколку минути двајца монаси и еден гостин тргнале по нив. Со Божја помош, бидејќи не знаеле по кој пат би можеле да одат бегалците, го престасале автомобилот со кој крадците тргнале кон излезот од Нови Пазар. Случајот веќе беше пријавен во полицијата, која ги запрела бегалците и ги привела на распит. По повеќечасовно испитување крадците ја признале вината и укажале на местото каде што ги закопале моштите. Моштите се вратени во манастирот доцна во ноќта, околу еден часот по полноќ. Браќата и гостите кои се затекнале во манастирот ги дочекале моштите со биење на камбаните и веднаш бил испеан молебен канон на Светите Лекари. Со ова брзо враќање на моштите во манастирот, се потврди по којзнае кој пат љубовта и подготвеноста на Светите бесребреници Козма и Дамјан да ги услишаат молитвите на оние кои им притекнуваат барајќи помош од нив.

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *