Еднаш, некој пред старецот рече за некого (веќе упокоен) дека бил свет.
– „Ти ли си Бог?“ – Веднаш му рече старецот. „Само Бог знае кој е свет. Ти немој така лесно да велиш дека тој или таа се свети. Тајните на срцето ти не ги знаеш. Ако е свет, Бог ќе го открие тоа, кога Он ќе сака. Ти немој да велиш“.
– „Прости, старче. Бидејќи упокоениот беше добродетелен и подвижник (стануваше збор за некој добродетелен монах од Света Гора) и имаше добар крај, и затоа реков дека е свет. Мислев релативно, во споредба со нас, тој беше свет“.
– „Слушај. Едно е релативно, а друго е навистина. Ти немој да велиш. Бог ќе го каже тоа. Он ќе пресуди кој е свет, а кој не е“.
Извадок од книгата:
„Старец Јероним, Исихастот егински“,
од Петрос Боцис
Превод од грчки јазик:
Свештеник Јани Мулев