Свештени канони на Светата Православна Црква (2011)

Loading

…По објавувањето на Светото Писмо и на Добротољубието на македонски јазик, една од најзначајните книги за правилно устројство на нашата Света Македонска Православна Црква, која уште одамна требаше да биде објавена е токму оваа збирка од „Свештени канони на Светата православна Црква“ која ја имате пред вас. Но, ете, иако дел од оваа книга беше преведен уште пред десетина години, ете Бог благоволил да биде допреведена и објавена токму сега, во навечерието на одржувањето на Великиот Осми вселенски собор. Во оваа збирка се поместени Апостолските канони, каноните од Вселенските и Помесните Собори, на Светите 13 Отци – свети Дионисиј Александриски, Григориј Чудотворец, Петар Александриски, Атанасиј Велики, Василиј Велики, Григориј Ниски, Григориј Богослов, Амфилохиј Икониски, Тимотеј Александриски, Теофил Александриски, Кирил Александриски, Генадиј Цариградски, Кипријан Картагински; додатокот од Канонски текстови на повеќе свети архиереи – свети Василиј Велики, Јован Златоуст, Кирил Александриски, Анастасиј Синаит, Тарасиј Цариградски, Јован Посник, Никифор Цариградски, Никола Цариградски; и на крајот како прилог се додадени три текста: Посланието на свети Фотиј, Жичката беседа на свети Сава, и денешното Епископско исповедање на верата во СПЦ. Преводот на изворникот е направен од страна на еп. Атанасиј Јефтиќ од грчки, латински и словенски, како што е дадено и во фуснотите, заради подобро разбирање на текстот, а негови се исто така и коментарите дадени во фусноти, базирани врз најзначајните канонски толкувачи на Светата црква…

Преводот го направи ѓаконот Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *