Методи и техники на гуруизмот и псевдостарчеството и нивните последици за личноста
Завршен документ на петтиот меѓуправославен собир на центрите за изучување на новите религиозни движења и деструктивни култови
Браќа, повикани сте кон слобода (Гал. 5, 13)
Вие сте скапо платени: не станувајте робови на луѓе (1.Кор. 7, 23)
Ние, учесниците на работната група „Методи и тактики на гуруизмот и псевдостарчеството и нивните последици врз личноста“, со длабоко разбирање и загриженост се однесуваме кон разгледувањето на Петтото меѓуправославно собрание на центрите за изучување на новите религиозни движења и деструктивни култови на темата – гуруизам.
Истакнувајќи ја посебната актуелност на проблемот со гуруизмот, нашата работна група смета за неопходно да го изјави следново:
1. Гуруизмот претставува само по себе опасен општествен феномен, кој претставува не само искривување на духовните основи на постоењето на човештвото, туку и, како последица на тоа, искривување и разрушување на моралните норми, кои со векови се формирале како основа на државните и општествените системи.
2. Гуруизмот претставува појава, која паразитира врз нормите и законодавните акти, формирани во денешно време, кои ја озаконуваат заштитата на основните права и слободи на човекот, како тоа: правото да се исповеда било која религија или да не се исповеда никаква, право за добивање и ширење на информации, право на себеизразување и други.
3. Гуруизмот никнува на површината од горепосочените права, но по својата суштина претставува појава, која грубо ги руши основните принципи на демократското општество, и ја угушува од Бога даруваната слобода на човекот, што неретко влече прекумерно опасни последици, како за одделно земената личност, така и за современите општествени и државни системи. Ние го сметаме гуруизмот како тоталитарна појава, која ги нарушува правата на човекот.
4. Како социјално-правни последици од гуруизмот се покажуваат грубите нарушувања на правата на човекот, кои го вклучуваат не само гушењето на човековата слобода за избор на вероисповедање и светоглед, туку и на другите основни права, вклучувајќи го правото за чување на здравјето, право на труд, а исто така и на други, загарантирани со закон права во сферите на брачно-семејните односи, чување на мајчинството и детството, права на социјално незаштитените групи од населението итн.
5. При укажаните околности ние еднозначно го оценуваме појавувањето на гуруизмот како деструктивно и социјално опасно, кое влече долгорочни последици, кои се закануваат на развојот не само на одделни држави и општества, туку и глобално на човечката цивилизација. Ние сметаме за неопходно да ги искористиме сите постоечки мерки во современиот свет од државен, општествен и правен карактер за организација на контра дејство за распространувањето на гуруизмот во различни сфери од човечкиот живот.
6. Гуруизмот е најопасен во духовната сфера од човечкиот живот. Претендирајќи на улогата на духовен раководител, семоќните „гуруа“ по својата суштина се покажуваат како разрушители на духовната природа на човекот, претставувајќи сами по себе како закана, не само за духовното здравје на одделни лица, туку и за духовната состојба на луѓето кои живеат во нашите земји.
7. Гуриузмот неретко се јавува како појдовна точка за никнување на тоталитарни секти, култови, деструктивни младински организации итн. Особено опасни се пројавувањата на гуруизам во таквите социјални појави како: фашизам, неонацизам, политички и религиозен екстремизам. Многубројните трагедии, вклучувајќи ги и масовните самоубиства, актите на тероризам и вандализам се појавуваат неретко како пројава на гуруизам не само во религиозна, туку и во општествените и политички сфери.
8. Особена тревога предизвикуваат пројавувањата на гуруистички тенденции (псевдостарчество) во Едната Света Соборна и Апостолска Црква. Таквите појави како псевдостарчеството, внатрешно-црковното сектантство, расколите и затворените групи, кои носат ризик да се развијат во ерес, се појавуваат како последица на тоа, што методите и техниките на гуруизмот се пренесуваат во црковната ограда. Псевдостарчеството неретко е поопасно и од надворешниот гуруизам, бидејќи при православна надворешност не само што содржи во себе многу признаци на оваа појава, туку и помага во отпаѓањето од Црквата на голем број верници, го поткопува авторитетот на Црквата и помага во укрепувањето на различни опасни појави во црковниот живот.
9. Во врска со гореизложеното ние сметаме, дека постои насушна неопходност од преземање на неодложни мерки, насочени кон контрадејство на развивањето на гуруизмот, како внатре, така и надвор од Црквата.
10. Ние предлагаме, исползувајќи го опитот од водење на меѓуправославни собранија, да се создаде специјална комисија од претставници на Помесните Цркви за изработка на соодветни методски препораки, кои ќе можат да содејствуваат на оваа појава, за профилактика и спротивставување на оваа појава гуруизам (псевдостарчество) во внатрешно-црковната средина.
11. Неопходно е да се засили мисионерската и просветителската дејност на Црквата во даденото прашање, особено обрнувајќи внимание на богословската подготовка и духовна просвета на пастирите и верниците, бидејќи токму отсуството на подготовка и просветување најчесто води кон тажните факти од појавата на псевдостарчеството во црковната средина.
12. Црквата е должна поактивно да ги исползува инструментите на граѓанското општество за формирање на правилни претстави за духовноста, моралноста, државата и правото. Заради тоа Црквата треба поактивно да ги искористи можностите на општествени здруженија и некомерцијални организации со православна насоченост, а исто така да посредува во создавањето на таквите организации, меѓу кои и меѓународни.
13. Во врска со тоа, што појавите на гуруизмот се поврзани со прашањата за разрушувањето на семејството, наметнувањето во општеството на разни лажни морални правила, неретко се спроведува и со акти на јавен неморал, Црквата треба да ја засили својата дејствителност за заштита на моралот, традиционалното сфаќање на девијантната сексуалност, во кои спаѓа и хомосексуалноста и педофилијата.
14. Гуруизмот е проследен од многубројни појави, поврзани со духовно и душевно заболување. Неретко склоности кон гуруизам поседуваат лица, кои страдаат од психички застранувања (на пр. злобен нарцисоизам), а различните методи за влијание врз свеста на човекот, кои се применуваат во сектите и култовите, причинуваат суштинска штета на духовното и психичкото здравје на луѓето, што во денешно време добива епидемичен карактер. Гуруизмот се јавува како еден од факторите, кои претставуваат закана за состојбата на духовното и психичкото здравје на населението од нашите земји. Ние сметаме дека е неопходно да се привлечат кон активност во борбата против гуруизмот квалификувани специјалисти: психијатри, психолози и експерти. Во перспектива можно е создавање на соодветна организација, која ќе ги обединува специјалистите од конкретниот профил.
15. Проблематиката на пројавување гуруизам, секти и култови создава во разни земји специфични правни проблеми, чиешто решение е можно само во услови на организација на комплексно взаемнодејство на правниците од различни земји, размена на искуства и теоретски ставови за конкретното прашање. Во врска со тоа сметаме дека е неопходно спороведувањето на специјални мерки за јуристите во форма на „округли маси“, конференции, а во перспектива и создавање на соодветни постојано активни групи или организации.
16. Неопходно е засилување на информатичката активност на сегашниот собир, вклучително и создавање на сајт со архива од материјалите на нашите годишни средби на официјалните јазици, признаени на овие собири.
Прифатено едногласно од 127 учесници на Конференцијата, кои ги претставуваа Православните Цркви од 15 земји.
27.09.2012 година
Нови Сад, Србија
Превод од руски јазик: Ѓакон Јани Мулев