Абисинија – Етиопија
Авва – титула која им се дава на старешините во манастирите, а означува духовен отец, духовен великан.
Авакум – одмиот од малите продоци, кој претскажал за Спасителот и за заробувањето на Ерусалим.
Авел – вториот син на Адам и Ева, кој бил убиен од својот брат Каин.
Авесалом – третиот син на Давид.
Авив – десетти јудејски месец, подоцна преименуван во нисан.
Автокефален – оној кој се раководи сам, самостоен, без притоа да ја изгуби заедницата со другите, кој одлучува со своја „глава“, т.е. поглавар.
Автократор – оној кој самостојно владее, самовластник.
Ав – јудејски месец.
Агапи – љубов, со ова име се именувале христијанските вечери на љубовта.
Агарјани – чеда на Агара, слугинката на Сара и Авраам, кој го родила Исмаил, предокот на Мухамеданците.
Агијазма – света вода.
Агиос – светител (гр.)
Агнец – Јагне, се мисли на Христос.
Агница – млада овца, често пати се користи како епитет за Пресвета Богородица и за маченичките.
Агрипа – внук на Ирод Велики.
Адам – првосоздадениот човек.
Адар – еврејски месец.
Ад – пекол, подземје, место и состојба на грешниците.
Адонај – име на Бог, според пророкот Исаија.
Аер – воздух, богослужбено платно со кое се покриваат светите дарови.
Акатист – химни во чест на Пресвета Богородица кои се читаат без седење, неседални.
Акривија – точно, строго исполнување на правилата.
Аксиос – достоен.
Алавастер – сад за чување мириси.
Алилуја – фалете го Господа.
Алкати – гладува.
Алчуштиј – оној кој гладува.
Амвросија, амброзија – нектар, храна на боговите, храна која не се распаѓа.
Амвон – издигнато место во храмот од каде што се чита Евангелието и се проповеда.
Амма – духовна мајка во манастир, игуманија.
Амнистија – простување на вината, заборавање, бришење на нечија вина.
Амигдал – мигдал, бадем.
Анафора – вознесување, издигнување, принесување.
Анатема – проклетство, кога човек поради своите упорни гревови и непокајаност се исклучува од црковната заедница, и се забрануваат било какви молитви за него, лишување од милоста Божја. Гревот е тој кој анатемисува, а не луѓето.
Ангел – гласник.
Анали – летописи.
Антидор – наместо дар, благословен леб кој се дава како утеха на оние кои не се причестиле, нафора.
Антиминс – наместо трпеза, наместо престол. Четириаголно платно на кое е изобразено погребението Христово и кое го означува гробот Христов. Во него се вшиваат свети мошти од маченици, и на него стои потписот од архиерејот кој го осветил и му дал благослов на свештеникот да служи Литургија во негово име.
Антипасха – наместо Пасха, првата недела после Велигден, кога се слави споменот на апостолот Тома.
Антифон – стихови кои се пеат од две певници, од две страни.
Антихрист – оној кој доаѓа наместо Христос, кој е противник Христов, кој лажно сака да Го замени Христа.
Антропоморфизам – кога на нечовечки битија им се даваат човечки особини, или кога на Бога му се припишуваат човечки особини.
Антологион, антологија – цветослов, збир од цветови или мудрости.
Апокалипса – откровение, последната книга од Новиот Завет, откривање на тајните Божји.
Апокрифни книги – тајни книги, кои содржат нејасни учења, кои имаат нечисто христијанство.
Апостат – отпадник, отстапник од Бога.
Апостол – пратеник, испратен.
Апостолник – дел од монашката облека на монахињите, кој ја покрива главата и лицето.
Апсида – полукружниот источен дел на храмот, каде што се наоѓа олтарот.
Арарат – планината на која е најден Ноевиот кораб.
Армас – обручување, прстенување.
Арон – старозаветен првосвештеник, брат на Мојсеј.
Артос – квасен леб кој се користи за Света Литургија, за света Причест.
Архангел – прв меѓу ангелите.
Архиереј – свештеноначалник, највисок чин во ерархијата, епископ, владика.
Архиепископ – прв меѓу епископите, поглавар на една помесна црква.
Архиѓакон – прв ѓакон меѓу безбрачните ѓакони. Кај брачните ѓакони првиот се нарекува протоѓакон. Архи –најчесто се користи за првенство кај безбрачните, кај монаштвото.
Архимандрит – старешина на повеќе манастири со свештенички чин, најблизок чин до архиереј.
Архистратиг – прв во небесната војска.
Аскеза – (подвиг), вежбање во добродетелите. Аскет и атлет често пати се поистоветуваат во црковната литература.
Аспида – отровна змија, преносно – ѓавол.
Аште – ако, иако.
Багреница – платно во црвена или пурпурна боја.
Бајач, баење – дејства кои биле строго забранети уште во Стариот Завет. Обично таквите работат со помош на ѓаволот.
Басна – волшепство, маѓија.
Бдение – сеноќно богослужение, кое се состои од повеќе поврзани богослуженија кое на крајот завршува со Литургија. Бдеење значи и неспиење. Оттука доаѓа името бадник – будник, бдение.
Бестрастие – слобода од страстите.
Безмездие – бесребреништво, кога човек работи без никаква награда, бесплатно.
Безмолвие – состојба кога човек не зборува ништо, туку постојано се моли.
Безначален – оној кој нема почеток, беспочетен.
Безневестнаја – онаа која не знае за брак, се мисли на Пресвета Богородица, која не изкусила брак, а родила дете.
Безобразен – оној кој го извалкал Божјиот образ во себе.
Бесплотен – бестелесен, оној кој нема тело, се мисли на ангелите.
Бесребреници – оние кои лечат бесплатно, без да земаат пари или награда. Се мисли на светите бесплатни лекари, како што се светите Козма и Дамјан и останатите бесребреници.
Бессемено – се мисли на зачнување без машко семе.
Бес – демон.
Беседа – разговор, проповед.
Библија – збир од повеќе свети книги, Светото Писмо на Стариот и Новиот Завет.
Благовештение – празник кога архангелот Гавриил ѝ соопштил радосна вест на Дева Марија дека ќе зачне и ќе го роди Спасителот на светот, Синот Божји.
Благовоние – благоухание, ароматичен мирис.
Благоволение – добра волја, расположеност за нешто.
Благоглаголив – красноречив, оној кој убаво зборува.
Благоговение – побожност, богобојазливост, длабока почит.
Благодат – енергија, дејство, кое ни се дава преку светите таинства, преку подвижничко-литургискиот живот во Црквата. Преку благодатта Го спознаваме Бога.
Благолепие – убавина.
Благочестие – побожност.
Благообразен – оној кој има добар образ, пристоен човек, познат, достоинствен, почитуван.
Благоразумен – признателен, благодарен, јасен, вразумен.
Благорастворение – поволни климатски услови.
Благослов – евлогија, добар збор, молитва, посакување на нешто добро од Господ за некого.
Благочестие – вистинско почитување на Бога, побожност.
Благочиниј – архиерејски намесник.
Блуд – телесни односи со блудница, идолопоклонство, губење на вистинскиот пат, заблудување, сладострастие, вонбрачна врска.
Бљустител – чувар на нечиј престол.
Богоблагодатна – исполнета со Божјата благодат.
Богобрат – се мисли на св. ап. Јаков.
Богоглаголив – оној кој зборува просветен од Бога.
Богомати, Богомајка – Мајка Божја, Пресвета Богородица.
Богоотроковица – ќерка Божја.
Богородица – онаа која Го родила Синот Божји, Господ Исус Христос, од која Бог примил тело и се воплотил.
Богословие – оној кој зборува за Бога, или оној кој зборува со Бога и го знае Бога.
Богочовек – Исус Христос, совршен Бог и совршен човек.
Битие – Прва кн. Мојсеева, Создавање, суштество.
Беда – неопходност, опасност, насилство, страдање, горчина.
Великомаченик – оној кој заради Христа претрпел големи измачувања и бил убиен.
Владика – деспот, владетел, епитет кој го добиле архиереите по губењето на царската власт во империјата. Кога влегува архиерејот во храмот се пее древна химна, и во неа му се обраќаме најпрво на Владиката (т.е. владетелот, царот) а потоа на Свештеноначалникот (архиерејот) и се молиме Бог да им даде многу години за живеење. Откако паднала царската власт оваа химна се користела само за архиерејот, па тој станал и владика и свештеноначалник.
Воздржание – воздржување телесно и духовно. Воздржување од храна, од телесни односи, воздржување со сите сетила.
Воплоти – прими тело, стана плот (материја, месо)
Воскресение – станување од мртвите.
Вочовечи – стана човек.
Глагол – збор.
Глаголати– зборува.
Гортан – грло.
Гортанобјесие – страст по разновидни вкусови, желба за разновидни јадења.
Господен – Господов.
Господеви – архаичен датив, исто како Господу.
Губа – сунѓер.