Страшно чудо во манастирот на Свети Павле

Loading

Отците од Неа Скити (Нов скит)ни го раскажаа следново чудо, кое се случи во свештениот манастир на Свети Павле (Света Гора)

kosturnica

Во текот на игуменството на архимандритот Серафим, околу 1935-1936 година кога на Пасха сите отци и браќа од манастирот, 60 на број, според традицијата излегоа во предворието за да го објават Воскресението на нашиот Господ Исус Христос, по испеаното „Христос воскресе“, кат-игуменот Серафим, на еден од најдобрите, прости но верни старчиња, брат на манастирот и секогаш расположен трудбеник на послушанието, старец Тома, му рече: „Дедо Тома, оти, те молам, долу во костурницата да им кажеш на коските од отците „Христос воскресе“.

Дедо Тома подготвен, без да мисли каде оди, рече: ,Нека е благословено, старче‘, и веднаш отиде кај коските и гласно рече: „Игуменот ме прати да ви кажам „Христос воскресе“, отци и браќа“.

Веднаш сите коски се затресоа, заиграа и потскокнаа, еден черек скокна во височина од еден метар нагоре и одговори на поздравот од старецот и рече: „Навистина воскресна Господ“, и веднаш настана повторно мртва тишина кај коските.

Дедо Тома се врати и на прашањето од игуменот му кажа сè што виде и слушна. Се потресоа сите отци кога го чуја тоа и сите со една уста Го прославија Бога, затоа што нашата вера е жива, вистинска и пресвета!

 

Превод од грчки јазик:

Свештеник Јани Мулев

Изворник:

ΦΟΒΕΡΟ ΘΑΥΜΑ ΣΤΗΝ ΜΟΝΗ ΑΓΙΟΥ ΠΑΥΛΟΥ

http://www.agioritikovima.gr/diafora/theologikos-log/diafora/11009-fobero-thauma-t

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *