Личен блог на свештеник Јани Мулев,
клирик на Повардарската епархија при
Светата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Роден – 19.02.1979 во Велес;
Македонска православна богословија „Свети Климент Охридски“, Драчево, завршил – 1998;
Богословски Факултет „Свети Климент Охридски“, Скопје, дипломирал – 2005;
Вработен во издавачката дејност на Повардарска епархија – од септември 2007;
Ракоположен во ѓаконски чин од митр. Агатангел – 07.01.2008;
Ракоположен во свештенички чин од митр. Агатангел – 09.12.2012;
Парохиски свештеник во соборниот храм на „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес од 01.01.2013 год.
Преведува: Англиски, руски, грчки и црковнословенски јазик;
Преводи:
„Огнената река“ од Александар Каломирос, издание на Европската епархија, Скопје 2007, превод од англиски јазик;
„За светото и возвишено служење на свештеникот Божји“, Велес 2007 (само интервјуто со митр. Антониј Блум, „Пазете се, браќа мои, свештеници“, превод од руски јазик)
„Најдобриот воспитувач“, од Живан М. Маринковиќ, Велес 2008, превод од српски јазик;
„Богородичен псалтир со молебен и акатисти“, Велес 2008, превод од руски јазик;
„Срцето што пее“, од Иван А. Илин, Велес 2009, превод од руски јазик;
„Молитви крај езерото“, од Владика Николај Велимировиќ, Велес 2009, превод од српски јазик;
„Православниот христијански брак“ (зборник од текстови), Велес 2009, превод од руски и англиски јазик;
„Псалтир“ (ко-преведувач), Велес 2010, превод на дополнувањето од црковнословенски јазик;
„Свештени канони на Светата Православна Црква“, Велес 2011, превод од српски јазик.
„Со пост и молитва“ (зборник од текстови), Велес 2013, превод од руски и грчки јазик.
„Аномалии на родителската љубов“, Велес 2016 година, превод од српски јазик.
„Старец Јероним Егински“, Велес 2016, превод од грчки јазик.
„Лествица“, Велес 2018, превод од грчки јазик.
„Толкување на Божествената Литургија“, Велес 2019, превод од српски јазик.
Авторски брошури: „Како да се подготвуваме за Светата Причест“, Велес 2012.
„Против богоборното и црквоборно баење, гатање и јасновидство“, Велес 2012.
Останатите преводи и текстови излегуваат во „Православна светлина“.
Целта на отварањето на овој блог е мисионерско-информативна.