Протоереј Дмитриј Смирнов
Среќавајќи се со различни луѓе и допирајќи го проблемот со абортусите, неизбежно ќе се соочите со типичнава ситуација: соговорникот ќе ги ислуша вашите аргументи и ќе се согласи со тоа, дека абортусот навистина е убиство. Но тука тој спомнува ситуации, во кои убиството се чини дозволено или пак дури и единствено можно решение на ситуацијата. Многуте прашања, кои се поставуваат во таквите случаи, како по правило, се секогаш исти. Сите тие прашања за човек психички здрав и кој умее логично да размислува, во вистинска смисла се апсурдни, и можно е да се одговори на поголем број од нив, разоткривајќи го тој маскиран апсурд. Како и во математиката, за да се докаже неточноста на некое тврдење, понекогаш се користи методата – приведување кон апсурд. Изгледа дека тоа е најрадикалниот начин да се одговори на ваквите прашања.
– Да започнеме со најраспространетото прашање: зошто да се умножува сиромаштијата? Т.е. зошто да раѓаме деца, кога не можеме да им го дадеме достојното воспитание, како што сметаме, бидејќи немаме доволно средства?
Да си претставиме ваква ситуација: човек, откако добро се најал, станал од масата, а нему му велат: „ајде да ручаме“. Доколку тој на некаков вештачки начин исфрли сè од желудникот и пак јаде, ќе речеме, дека тоа е апсурд. Бидејќи, дури и сите луѓе да се прејадуваат или јадат непотребно, сепак на тој начин да се насладуваш со храна не е добро. Така е и со ова прашање. Телото на човекот, на мажот и жената, и сите органи посебно се устроени токму затоа, за да го остварат процесот на раѓање деца. Ако луѓето се соединуваат во брак, тогаш се претпоставува, дека природна, сосема нормална последица на тоа ќе биде раѓањето деца. Значи, ако човекот не сака да ја умножува сиромаштијата, тогаш тој не треба да стапува во брак. Тогаш нема да има никаква сиромаштија. Човекот посакува по секоја цена да ги реализира сите чисто физиолошки функции на бракот и од тоа да ја добие природната радост – како што, на пример, тој добива задоволство од храна или од топла вода, стоејќи под тушот, – но не сака да го носи родителскиот подвиг, кој се појавува како последица на брачниот живот. Ако човекот не сака да ја умножува сиромаштијата – не мора. Тој треба да го прекине семејниот живот. Тогаш постапката ќе биде лочигна.
– Како да се прехранат децата во наше време? Како им е на сиромашните сопружници, кои имаат многу деца?
Одговорот се наметнува самиот по себе: сопругот треба да работи на три места или жената да почне да шие, бидејќи така ќе биде поевтино да се облечат децата, итн. При тоа неопходно е да се ограничуваат себеси во многу нешта (бидејќи ако луѓето не можат да се ограничуваат себеси во семејниот живот, тогаш ќе им се јави недостаток во друго: во слободното време, средствата), а не да се трудат сè да направат на инаков, противприроден пат, убивајќи ги сопствените деца, бидејќи од тоа самите тие ќе бидат несреќни, ќе боледуваат и ќе страдаат од своите оставени живи деца, зашто какви деца може да се родат кај убијци! Како можат тие да ги воспитаат? Значи, убивајќи го сопственото дете, родителите погазуваат одредена граница на моралноста. Како да сакаш едно дете, кога си убил друго? Дури и човек да не го сфати ова, сепак во неговата потсвест тоа ќе постои. Ако човекот не се согласи на доброволни ограничувања, тогаш ќе трпи лишувања против својата волја. Тој сака да биде материјално поситуиран, за сметка на убиството на своето дете? Но големината на неговата среќа од тоа нема да се зголеми. Не треба да ја достигнуваме среќата, убивајќи ги своите деца!
– Што да се прави, ако бременоста настапила како последица од силување?
При силување, обично не настанува бременост. Тоа се поединечни случаи, уникатни. Но да речеме, дека имаме таква ситуција. Најпрво, детето сепак не е виновно за тоа дело. Второ, често при силување виновна е самата жртва поради нескромната облека, однесување, невнимателност, непослушност кон постарите итн. Многу такви претпоставки се сливаат во една трагична ситуација, и се добива таков резултат. Но зошто заради престапот на возрасниот мора да пострада невиното детенце? Ако детенцето е несакано, може да биде родено и дадено во детски дом. Државата ќе го воспитува, ќе се најдат луѓе, кои ќе го посакаат тоа детенце и ќе го посинат. Огромен е бројот на такви луѓе, кои сакаат да посинат дете. Според тоа, нема никаква причина да се убива детенцето.
– Девојката не е за мажење, а родителите се против детето. Или, пак, мажот ì вели, дека ќе ја остави, ако таа не го остави детето. Што да се прави?
Па еве, да видиме…. На пример: јас сум жена која има две деца, и едното од нив толку ì здосадило на мојата мајка, а негова баба, што таа вели: „Ти мораш да избереш: или јас, или тоа. Или ти сега ќе го фрлиш детето од терасата, или ти мене не си ми повеќе ќерка“. Зошто да го фрламе роденото непослушно дете, иако кажано во гнев, тоа потполно заслужува такво нешто, зашто секогаш е непослушно; но можеби е многу добро, умно, тоа да биде идниот Ломоносов – може да го убиеме насила оној, што привремено се наоѓа во утробата на мајката? Можеби, подобро е да се почека, да се роди и да се види, какво ќе биде? Ако биде лошо и непослушно, тогаш да го убиеме. Одеднаш сите во ужас извикуваат: „Ох, како е можно тоа!“ Но ако е можно ОНА, тогаш зошто не и ОВА? Ние повторно прибегнуваме кон потврдување на апсурдот. А што ако се противат родителите? А ако некој е против самите нас? Што треба тогаш да правиме, да умираме? Малку ли има луѓе што се против некои други луѓе. Тоа не е доказ. Човекот што изјавува дека е против животот на друг човек – е убиец.
– А што ако е бремена дванаесетгодишна девојка?
Ако девојката е толку распуштена и така се однесува, нормално, таа треба да го носи својот крст како последица на своето однесување. Да речеме, дознаваме дека дванаесетгодишно момче извршило некој ужасен престап. Неодамна (близу до нашиот храм) се случи ваков настан: навистина, не дванаесетгодишни, туку тринаесетгодишни момчиња во дворот претепале до смрт со стап деветгодишно момче. Нели нашето чувство на справедливост ни говори дека кон него треба да се применат некакви мерки, дека треба некако да се пресече тоа зло. Истото е и тука. Девојката направила глупост, постапила невнимателно, безумно, постапила како улична девојка. Зошто заради ова треба да биде убиено невиното детенце?
– Ако сопругата е болна и не смее да раѓа?
Ако таа не смее да раѓа, значи, кога таа се соединува со својот сопруг, тогаш извршува престап. Постои израз „недееспособен човек[1]“. На таков човек му е забрането да регистрира брак. Ако поради некои причини, не умствени, туку чисто физиолошки, жената не смее да раѓа – значи, таа не треба ни да се мажи, бидејќи во брак природно се очекува раѓање на деца. Ако не смее да раѓа, тоа треба да го поднесува како крст. Ако сакаат дете, – па ве молам, постојат детски домови, многудетни семејства. Може да се земе на воспитување, да се помогне. Така се случувало секогаш: на пример, во семејството три ќерќи се омажиле, а една не, и таа им станала дадилка на другите. Не можат сите да го земат крстот на бракот и да раѓаат деца. Некој оди и по друг пат. А ако мајката може да умре при пораѓање? Од оние случаи, кои мене ми се познати – а во црква доаѓаат жени, кои се враќаат од кај лекар, и велат: „Јас не смеам да раѓам, бидејќи ќе умрам“, – јас не знам ни еден што навистина завршил со смрт. Лекарите обично едноставно претпоставуваат, но со животот и смртта располага не лекарот, туку Бог. А Господ секогаш може да му даде сила на оној што моли. Да претпоставиме, дека на жената навистина ì се заканува смрт. Добро и благородно е, кога возрасен човек, заштитувајќи го животот на другиот, го дава својот. Ние обично ги прославуваме таквите луѓе како херои, за време на војна на таквите им даваат ордени. Тоа, всушност, е и човечка постапка. Да си го продолжуваш својот живот, за сметка на животот на своето дете, е исто како мајката да си го изеде своето дете – такви случаи имаше, на пример, во Ленинград. Кога мајката сака да си го сочува својот живот за сметка на своето дете – тоа е канибализам (човекојадство). Подобро е таа се препушти на Бога и да се надева да остане жива. Освен тоа, се поставува вакво прашање: ако на жената ì се заканува смртна опасност при пораѓај, значи, дека семејниот живот ì е противречен? Зарем треба да се убиваат сопствените деца и со таа цена да си причинуваш радост од половото општење? Тоа е престап, исто како, кога, сакаш да си причиниш радост од поседување имот, па да почнеш да крадеш.
– А ако се знае, дека ќе се роди болно дете?
Во тој случај, пологично е да се роди и да се види. Ако се роди болно дете – тогаш нека го убијат, со свои раце, без да користат некакви препарати, без да зафаќаат болнички кревет. Зошто би било ова полошо од убиство на неродено дете? А и зошто е тоа проблем, некој да се роди болен? Болните луѓе му требаат на општеството. Тие предизвикуваат кај нас милосрдност, сострадание, нè учат на љубов. Ако нема болни, стари, изнемоштени, ние ќе станеме пожестоки. Присуството на таквите луѓе е неопходно. И Господ бира кому ќе му даде таков крст – болно дете. Може да се случи и ова: детето се родило здраво и потоа се разболело. И што сега, треба да го убиеме? Не, ние го спасуваме, го негуваме, ги креваме лекарите на нозе, плаќаме пари, бараме лекови. Има ли тука некоја принципиелна разлика? Зошто мораме да го убиваме болното дете, што се наоѓа во утробата на мајката?
– Родителите се алкохоличари – зошто да се раѓаат болни, никому потребни деца?
Овде еден поим се заменува со друг. Родителите-алкохоличари се општествено опасни луѓе. Тие му носат штета на општеството. Зошто заради нив мораат да страдаат децата? Може да се издаде закон, да се наложат казни, може да се направи обид за лечење на овие луѓе. Иако, се разбира, подобро би било за самите алкохоличари да го остават алкохолот и да живеат нормален живот, што би било прекрасно. Но во практиката некако се избира најголемото зло. Родителите пијат, а ги убиваат децата. Државата е должна да најде некој друг начин, освен едноставното убивање на деца. А сега за непотребните деца, кои нам не ни се потребни. Но во богатите земји постојат илјадници луѓе кои се подготвени да посинат дури и болно дете. И ако со тоа реално се позанимаваме, тогаш сè може да се организира на државно ниво.
– Како да се раѓаат деца, кога научниците пресметале, дека наскоро земјата не ќе може да го прехрани своето население?
Да, сосема точно, земјата не ќе може да го прехрани своето население. Но, тогаш ајде да ги убиваме сите кои многу јадат. Ако убиеме еден таков, му даваме можност за живеење на некој друг. Или, пак, ајде да ги убиваме дебелите. Повторно, како што гледате, прашањето е апсурдно.
И така, откако ги разгледавме сите аргументи во полза на абортусот, ние се убедивме, дека не постои ниту една причина, која дозволува да биде убиено детето во утробата на мајката.
– Најпосле, да го разгледаме и последното прашање: зошто Црквата не благословува користење на контрацепција (средства против зачнување)?
Работата е во тоа што, ако се вратиме на почетокот од нашиот разговор, примената на средства против зачнување е исто што и механичкото ослободување на желудникот за да прими уште еднаш непотребна храна. Тоа е некоја себеизмама, претворање на семејниот живот во бесмислена физиолошка експлоатација на човечкиот организам без реализација на родителството. Човекот станува сличен на мајмун, кој седи во кафез и безобразничи. Кај луѓето сè треба да станува според природните закони. Ако Бог ги благословува децата, тоа значи дека треба да се раѓаат. Примената на средства против зачнување стимулира неодговорност кон великата тајна на бракот – на таа божествена, таинствена одредба, голема по своето значење. Во бракот двајца се соединуваат во љубов, и од две клетки, кои се соединуваат во една, се појавува нов човек, кој никогаш претходно не постоел на земјата, со свои способности, карактеристики, кој во себе го носи сиот генетски материјал на своите претци. Тоа е уникатно дело, и кон него треба да се пристапува со најголема почит и одговорност, а не да се претвора сè во мајмунџилак. Средствата против зачнување – тоа се средства противприродни, нивното користење е исто како да го заградите хранопроводот. Тие го нарушуваат општиот поредок на човечкиот живот. А секое нарушување, на пример, насочување на реката на друга страна, е аморално, бидејќи задолжително ќе направи полоши работи. Секое зло, дури и незначителното, секогаш е разрушително за оној, што го извршува. Затоа од морален аспект таквите средства не треба да се применуваат. Црквата не може да го благослови тоа, зашто е изопачување на човечката природа, содадена од Бога. Црквата учи дека човекот треба да ги зауздува своите страсти, но не само оние кои се поврзани со раѓањето. Треба да се зауздува и желудникот – да не се прејадуваме, треба да се бориме со осудувањето, гневот, среброљубието. Блудната страст е една од страстите. Кај луѓето кои ја зауздале ова страст, таа е хипертрофирана и не им донесува никаква радост, во извесна смисла тоа е болест, како и алкохолизмот. Во самото вино нема ништо лошо, но, кога човекот се опива, јасно е дека тоа дејствува разрушително. Или, пак, страста на среброљубие. Човекот има доволно средства за да јаде, да се облече, а тој сака сè повеќе и повеќе; тој го троши својот живот, се откажува од многу нешта. И сè станува само пари, пари, пари – тоа е безумство. Така е и со половата страст. Може да се обидуваме постојано да ја реализираме, без да се грижиме за рокови, времиња, непрестајно, постојано да се возбудуваме себеси. Но тоа е потполно неправилно, тоа е болест, која разрушува, ја опустошува душата, го истрошува организмот. Се случува, кај човекот да опадне оваа природна потреба, и тој почнува да се лечи, та некако да го укрепи своето здравје и да има можност уште повеќе да се експлоатира себеси на таков начин. Може да се рече, не можеш – слава на Бога, време е да се смириш. Но не е така, сè се случува наопаку.
Страстите толку се силни, што луѓето, кои се завладеани од нив, ќе наведат илјадници аргументи за да се оправдаат, зашто со нив не раководи здравата смисла и природните сфаќања, туку страста. Кога детето ќе сака да шета, а мајката не го пушта, тоа ќе вришти, ќе лаже, ќе бара начин – сè ќе стори само да се ослободи. Бесмислена е расправијата со оној, што е опседнат со блудната страст. Тој вели: „Јас не можам да живеам без тоа“. И поради ова тој е подготвен и деца да убива, и да го уништува својот организам. Сè би ставил на карта. Покрај тоа, зарем не е познато колку се штетни средствата против зачнување. Интересно е: кога станува збор за тоа, да се убие детето или не, луѓето мислат на своето здравје – тогаш раѓањето им штети. А кога станува збор за средства против зачнување, тогаш тие свесно му штетат на своето тело. Значи, работата не е во здравјето, туку во страстите. Затоа човекот треба да си признае: јас сум блудник и не можам да се поправам. Според тоа, треба да се лечиме од блудот, а не од децата.
[1] Недееспособен човек е оној, кој не може да ги реализира своите граѓански права поради неговата здравствена состојба, возраст или други причини (бел. на прев.).